Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Live Together, Die Alone (2x23/24) | |
| | Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Live Together, Die Alone (2x23/24) Пон Окт 12, 2009 9:56 pm | |
| Live Together, Die Alone (на македонски: „Живеј заедно, умри сам!“) е двочасовното финале на втората сезона со која најпосле се финишира приказната со окното и серијата го навестува дознавањето на комплетната мистерија околу Другите... Ова е првата Дезмонд центрична епизода од серијата! Кратка содржинаМајкл ги води своите пријатели низ Островот за да ги конфронтира Другите. Во меѓувреме, Дезмонд се враќа на Островот со едрилицата и тој и Лок донесуваат одлука да видат што ќе се случи доколку бројките во компјутерот на окното не бидат вметнати на време. Фантастично финале кое според мене се’ уште не може да биде во никаков случај споредено со било кое друго, па дури ни со Through the Looking Glass - епизода, која без шокот кој ни го понуди на крајот со флешфорвардот, би била десет, а ако не и повеќе пати помалку ценета од оваа!!! Едноставно нема зборови кои можат да ја доловат приказната. Се, буквално се, почнувајќи од флешбекот во кој дознавме колку-толку информации за животот на Дез во окното (со Келвин), ни беше спомнат за првпат Радзински (како создавач на мистериозната мапа), појавувањето на Либи кое ќе предизвика многу дискусии помеѓу фановите (ќе се прашуваме дали можеби таа работи за некој!? Хммм, и се’ уште се прашуваме, очигледно...), како и првото запознавање со Видмор, кој подоцна ќе се претвори во еден од поважните ликови од минатото на Островот и секако - неверојатната љубовна приказна која започнува БАШ во епизодава - врската помеѓу Дезмонд и Пени која подоцна ќе послужи како инспирација за две извонредни епизоди - Flashes Before Your Eyes и The Constant! Навистина не постои епизода која може да се пофали со толку богат флешбек, исто како што тешко може да се најде епизода во која се одвиваат толку многу настани на Островот, како во оваа. Имплозијата на окното е се’ уште еден од моите топ пет моменти во серијата... Секако, тука се и настаните со Мајкл, киднапирањето на Соер, Кејт и Џек, како и појавувањето на четирипрстната статуа, која ќе ја забележат Саид, Џин и Сан. (исто така еден од најдискутираните настани во историјата на Лостосферата, кој е патем и во моментов актуелен!) Единствено нешто кое ја прави епизодава послаба, то ест за малку перфектна е крајната сцена, која во обид да биде некаков вид на огромен WTF, беше набрзо заборавена од страна на фановите...што значи дека не го постигна посакуваниот ефект, иако, финалето на четвртата сезона покажа дека тој миг со момците на Арктикот и нивниот телефонски повик кон Пени не беше баш залуден! Прашања за дискусија- Кое финале е подобро:Live Together, Die Alone или Exodus? Live Together, Die Alone или Through the Looking Glass? Live Together, Die Alone или There's No Place Like Home? Live Together, Die Alone или The Incident? - Која е вашата омилена сцена од епизодата? - Дали забележавте нешто необично? - Кој ви е омилен цитат? - Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек; 2) Приказна; 3) Митологија? Мој рејтингПриказна (на Островот): 9.75 Митологија: 9 Флешбек: 10 Оцена: 9.60 | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Live Together, Die Alone (2x23/24) Вто Окт 13, 2009 3:56 pm | |
| најдобрата епизода од лост, за мене | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| | | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Live Together, Die Alone (2x23/24) Нед Окт 18, 2009 6:09 pm | |
| Извонредно финале, иако сепак би го ставил зад Through The Looking Glass. Сепак во финалето на третата сезона имаше многу повеќе акција, и плус имавме флешфорвард. Инаку, одлична приказна, даде многу одговори, но и постави уште повеќе прашања. Од оваа епизода започнува вистинската улога на Дезмонд, сценарисите направија одлична работа со неговото уфрлање. Не за џабе стана миленик на сите. Флешбекот е сигурно еден од најдобрите. Видовме дека Дез има интересна, до некаде несреќна животна приказна. Чарлс Видмор тогаш не ни мислевме дека ќе испадне толку важен лик. За Либи, некако уште ми е сомнително дека некако е поврзана со семејството Видмор, можеби со Пени. Некако е неверојатно да има брод, и токму во тој момент да се сретне со Дезмонд, на кого баш итно му треба брод. Инаку, Видмор сигурно ја организирал трката надевајќи се дека тоа некако ќе му помогне да го пронајде Островот. Одлични беа и флешбек сцените во Хечот. Дури сега гледам дека за само една епизода ни објаснија скоро се за него: дека ако не се притисне копчето, ќе се ослободи неконтролиран електромагнетизам, па дознавме за Радзински и дека тој ја нацртал мапата, дознавме за клучот како крајно решение.... Сцените во Хечот дефинитивно беа највозбудливи. До крај чекавме да видиме што ќе бидне. На крајот, се се одвиваше некако брзо. Прво шокот дека Дезмонд го предизвикал паѓањето на авионот, па кога Лок го уништи компјутерот, па летањето на предметите, се до вртењето на клучот. Со клучот најверојатно се активираше некој разорен експлозив, кој го уништи окното и го скроти магнетизмот. Луѓето од ДАРМА веројатно поучени од Инцидентот го создале ова решение, за да не дојде до целосна хаварија. Имаше уште еден куп фантастични работи во ова финале. Првото појавување на Статуата, дури до петтата сезона ќе чекаме да дознаеме нешто повеќе, иако, уште не знаеме скоро ништо за неа. Па стапицата во која ги одведе Мајкл и заробувањето на Џек, Кејт и Соер. Фаците на сите кога дознаа дека „Хенри Гејл“ е лидер на Другите се неверојатни. Последната сцена ќе испадне од голема важност, оние луѓе го регистрираа Островот, и тоа поради имплозијата на Хечот. Поради ова и поради повикот од Дезмонд во The Constant, Пени ќе успее да ги пронајде Океаник 6 и Дез на крајот на четвртата сезона. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Live Together, Die Alone (2x23/24) | |
| |
| | | | Live Together, Die Alone (2x23/24) | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|