Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 He walks amongst us, but he's not one of us

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeСаб Дек 12, 2009 10:46 pm

Не постојат сомнежи дека "Stranger in a Strange Land" е една од најдосадните, ако не и најдосадната епизода од Изгубени досега снимена.
He walks amongst us, but he's not one of us 3X09_ChetJack
Почнувајќи од самиот флешбек, во кој сценаристите (попусто) се обидоа да не заинтригираат со романсата помеѓу Џек и Ачара, па се до настаните на Островот кои постојано се вртеа во место и генерално беа очекувани... Не верувам дека некој воопшто и помислуваше оти Џулиет ќе биде смртно казнета од Другите. Веќе цели осум епизоди ги бевме поминале со овие веќе не толку мистериозни луѓе, па ни беше јасно уште однапред дека тие и не се баш нецивилизирани за да сторат такво нешто, па макар истото и да е заслужено (како во случајот со Џулс).

Меѓутоа, вчера откако повторно ја изгледав оваа епизода по вторпат, едно нешто ме изненади. Фамозната тетоважа на Џек, која ја сметав за комплетно „утнат“ рекламен трик на ABC (кои со недели ја рекламираа оваа епизода баш заради таа тетоважа!) конечно доби смисла, по цели две сезони од првото официјално прикажување на гореспоменатата епизода.

He walks amongst us, BUT HE'S NOT ONE OF US!!! (или, на македонски:- Тој е помеѓу нас, но не е еден од нас!)

Бинго! Имајќи го в предвид она што се случи со Џон Лок, чие тело беше „искорумпирано“ од страна на непријателот на Џејкоб, дали можеме со право да очекуваме нешто слично да се случи и со телото на Џек!? Дали е некогашниот лидер на Изгубените, всушност, замената за Џејкоб!???

Што мислите за оваа теорија? Според мене фактот дека тетоважата беше до толку рекламирана од страна на телевизијата оди во прилог на приложеново. Истовремено, потајно верувам дека на крајот ќе испадне дека и оваа сега-засега непотребна епизода ќе испадне и те како важна за расплетот во серијата...

Можеби, само можеби, и не бадијала го дознавме значењето на тетоважата на Џек!!?
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeНед Дек 13, 2009 1:27 am

Важна е Smile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeНед Дек 13, 2009 9:17 pm

Не знам за ова, сепак таа епизода не ми изгледа многу важна, иако во оваа серија ништо не се знае. Баш пред два дена ја гледав пак епизодата. Мислам дека Ачара го напиша тоа зашто Џек беше странец, а таа нели не смее да тетовира странци. Затоа и Џек изеде ќотек. Smile А кога Изабел кажа што значи, мене не ми изгледаше воопшто важно. Во тој момент Џек беше заробеник на Другите, и тетоважата имаше симболика зашто тој „беше меѓу Другите, но не е еден од нив“. Така и сега ја сфаќам тетоважата, само како симболика за таа епизода. Ќе видиме дали грешам, и дали ќе испадне нешто поважно од тоа.
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeНед Дек 13, 2009 10:42 pm

како што пишав веќе, се согласувам со оваа теорија Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 12:12 am

Sawyer^^ напиша:
Не знам за ова, сепак таа епизода не ми изгледа многу важна, иако во оваа серија ништо не се знае. Баш пред два дена ја гледав пак епизодата. Мислам дека Ачара го напиша тоа зашто Џек беше странец, а таа нели не смее да тетовира странци. Затоа и Џек изеде ќотек. Smile А кога Изабел кажа што значи, мене не ми изгледаше воопшто важно. Во тој момент Џек беше заробеник на Другите, и тетоважата имаше симболика зашто тој „беше меѓу Другите, но не е еден од нив“. Така и сега ја сфаќам тетоважата, само како симболика за таа епизода. Ќе видиме дали грешам, и дали ќе испадне нешто поважно од тоа.
Хммм, а нели ја забележа ироничната насмевка на фацата на Изабел? Нели ти падна малце чудно тоа? Или i'm looking too much into it, а? He walks amongst us, but he's not one of us Suspect He walks amongst us, but he's not one of us Icon_lol
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitimeСре Дек 16, 2009 2:11 am

Не знам, сепак не очекувам да обрнат внимание на тетоважите во последната сезона. Иако, до сега многу работи испаднаа важни, а не изгледаа така. Ама, мислам дека ако тетоважата беше важна, до сега ќе ни дадеа барем некој друг доказ за тоа.

Инаку, со другиот дел од твојата теорија, дека Џек може да стане замена на Џејкоб, се согласувам. Џек сепак може да се каже дека е главен лик во серијата, па нема да ме чуди ако биде еден од клучните луѓе на кои Џејкоб ќе смета во конечната пресметка со Флок. На крај, мислам дека Џек ќе остане на Островот, како некој вид лидер на Другите (и на тие што ќе останат таму).
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





He walks amongst us, but he's not one of us Empty
ПишувањеПредмет: Re: He walks amongst us, but he's not one of us   He walks amongst us, but he's not one of us I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
He walks amongst us, but he's not one of us
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Генерална дискусија :: Teории-
Отиди до: