Lost angel Модератор
Број на мислења : 320 Age : 35 Местолокација : on the island Registration date : 2009-01-22
| Предмет: Doctor Who | BBC Чет Јан 14, 2010 7:07 pm | |
| ДОКТОР ХУ е британска научно-фантастична серија, која ги следи патувањата на Доктор Ху низ времето. Ова продолжение на оригиналната серија, кое малку се разликува од неа, започна да се прикажува на 26 март 2005 година на BBC и постигна огромен успех. Досега се прикажани четири сезони, а петтата е најавена за оваа пролет. Серијата кај нас можевте да ја гледате на Канал 5 и 5+. Кратка содржина:Доктор Ху е мудар и духовит, дрзок и храбар, вонземјанин и осаменик. Тешко е да го одржиш пријателството кога работата ти наложува непрестајно да патуваш низ просторот и времето. Неговата логика е од пресудно значење секогаш кога светот е во опасност. Меѓутоа, кога се во прашање меѓучовечките односи, нешто му недостасува. Затоа му е потребна Роуз. Таа е продавачка од сегашноста заглавена во досадното секојдневие. Од моментот кога ќе се сретнат, Докторот и Роуз знаат дека се создадени еден за друг. Тие совршено се разбираат и одлично се надополнуваат. Со оглед на тоа дека не е многу врзана за местото каде што живее (мајка и е премногу грижлива, а дечкото беспомошен), таа ги одбира Докторот и неговото ветување дека ќе доживее неверојатна авантура во вселената. Така , тие двајца заедно ќе го спречат злобниот план на вонземјаните да ја преземат Земјата, ќе го доживее крајот на светот милиони години во иднината, ќе го запознае Чарлс Дикенс и уште еднаш ќе го види својот покоен татко. Но, кога на нивниот пат ќе се најде долгогодишниот непријател на Докторот за кого верувал дека е одамна мртов, целото човештво ќе се најде пред уништување. Дали може Докторот да ја спречи инвазијата на најлутиот противник со кого се сретнал, Далеците? Што мислите вие за серијава? | |
|
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Doctor Who | BBC Пон Јан 18, 2010 5:04 am | |
| Имам следено неколку епизоди од серијава, но некако ми е премногу детски направена, посебно ефектите. Инаку, приказната и не е така лоша, а и главниот актер, Дејвид Тенант, има одличен талент. | |
|
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Doctor Who | BBC Сре Јан 20, 2010 3:16 am | |
| Ja имам ѕирнато, само незнам на која ТВ...или фокс лајф/крајм или Канал 5 Намасте П.С.ПРОСЕЧНА Е | |
|
Lost angel Модератор
Број на мислења : 320 Age : 35 Местолокација : on the island Registration date : 2009-01-22
| Предмет: Re: Doctor Who | BBC Сре Јан 20, 2010 4:20 pm | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Инаку, приказната и не е така лоша, а и главниот актер, Дејвид Тенант, има одличен талент.
Да, закон е човекот, го обожавам. Многу ќе ми фали во петтата сезона и понатаму. - LostyFox напиша:
- Ja имам ѕирнато, само незнам на која ТВ...или фокс лајф/крајм или Канал 5
Веројатно на Канал 5, на Фоксовиве ја немаат давано. Инаку, јас ја обожавам серијава, баш ми е интересна. Немав пропуштено ниедна епизода кога се даваше првиот пат на Канал 5, а потоа продолжив редовно да ја симнувам како што излегуваат новите епизоди. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Doctor Who | BBC | |
| |
|