Овој пост се одлучив да го напишам како одговор на вчерашното видео со првите 4 минути од шестата сезона.
Сега-засега знаеме дека целата шеста сезона, барем до кај 12-тата епизода, ќе ги следи настаните во алтернативниот универзум, но и настаните кои продолжуваат по детонирањето на бомбата и смртта на Џејкоб на Островот.
Дарлтон, очигледно обожаваат да експериментираат со серијата, па ете, се одлучија и последната сезона МАКСИМАЛНО да ја искористат за оваа цел. И оп, го измислија алтернативниот универзум како нов начин за story-telling. Досега имавме можност да видиме флешбеци, флешфорварди, патувања низ времето, но ниту еднаш не сум бил олку нервозен како што сум сега за овој нов универзум.
Зошто? Хм, еве една добра причина: ЕДНОСТАВНО НЕ МИ Е ГАЈЛЕ ШТО БИ СЕ СЛУЧИЛО АКО АВИОНОТ НЕ ПАДНЕ НА ОСТРОВОТ! И навистина, ако малце размислите, што е Lost без Островот? Тука веќе немаме серија, тука веќе имаме сапуница. А тоа е единственото нешто кое се надевам дека нема да и се случи на оваа серија.
Сепак, надежта последна умира, па се надевам дека на крајот ќе испадне дека не сум бил во право со мојот скептицизам во однос на алтернативниов универзум.
Едно е јасно: во вторник ќе го дознаеме одговорот на нашите прашања...
П.С. Иако не е за фалење, бидејќи тоа го бев пишал на шала, испадна дека јас дури и сум го предвидел овој расплет во LOST на
овoj пост (читнете го последниот пасус).