Денеска цел свет е во LOST-треска. Па дури и Македонија!
Еве една интересна украдена вест на
Он.нет.
Првиот час од последната сезона на хит серијата Лост се појави на интернет, но реакцијата на фановите е сосема спротивна со очекувањето на продуцентите. Тие масовно одбиваат да ја гледаат пиратската верзија.
Продуцентите од ЕјБиСи се изненадени од обожавателите, кои кино снимката од првата епизода на последната сезона на Јутјуб ја отвориле само стотина пати. Оваа верзија била тајно снимена на емитувањето за фанови на Хаваи, каде што 12.000 Американци дошле специјално за проекцијата.
“До толку ли се луѓево нетрпеливи што претпочитаат да ја гледаат верзијата снимена со камера од мобилен, наместо да почекаат еден ден?,” напишал еден фан на Твитер.
Според извршните директори од ЕјБиСи ваквите изјави личеле на пораки од друга вселена, бидејќи веб корисниците што се опседнати со серии најчесто не можат да им одолеат на овие содржини. За нив е чудно што фановите ја претпочитаат
ТВ програмата, наспроти пократкиот интернет пат.
“Никогаш не сме имале шоу како Лост. До сега сме немале вакви фанови што до толку многу ја сакаат серијата да не им паѓа на памет да ја гледаат пред премиерата,” изјавил заменикот потпретседател за маркетинг на ЕјБиСи, Мајкл Бенсон.
http://www.on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=A445E2ACD830874F93FD665C0D0CE99B