| Изгубени без Џек? | |
|
|
Автор | Порака |
---|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Изгубени без Џек? Нед Јун 21, 2009 6:27 am | |
| Знам дека има многу анти-Џек фанови низ лостосферата, па од таа причина ја постирам и темава. Се чини дека во последно време се’ повеќе и повеќе некои таканаречени фанатици го „сатанизираат“ ликот и делото на помладиот Шепард во секоја можна прилика. Досега имав многу интересни интеракции со фанови на Lost низ светов и, барем како фан на Џек, најмногу ми сметаа разговорите од типот на „Џек сакс“, „Џек е досаден, Џек е оваков, Џек е онаков“. Можеби сум пристрасен во моментот, но едно нешто според мене е факт: без Џек, во Изгубени би немало динамика. Едноставно, секоја сезона, ако не целосно, на крајот мора да помине во знакот на овој лик! Секогаш и секаде тој е во главниот фокус. Затоа, Ве прашувам: дали Изгубени би биле тоа што се без Џек...или не? За мене одговорот е кристално јасен! А за Вас? | |
|
| |
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Пон Јун 22, 2009 1:01 am | |
| Па се знае, како фан на Џек, нормално дека меговиот лик го поддржувам најмногу. Всушност мое мислење а богами и факт е дека Џек е најзастапен во целата приказна, има најмногу негови центрични епизоди и најмногу минути поминал во шоуто. Карактерот во секоја сезона според мене ги влечеше конците...почнуваќи од првата кога ги спасува на плажата, втората во окното и кога мрчеше дека што побрзо треба да заминат, третата на Хидра островот и четвртата во која мислам дека имаше најважна улога, во петтава беше малку засенет од Лок, Соер и Бен но како што и самиот актер изјавува не е секогаш најважно да си во центарот на вниманието. За крај НЕМА ЏЕК НЕМА ИЗГУБЕНИ Намасте | |
|
| |
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Пон Јун 22, 2009 1:23 am | |
| Изгубени без Џек е како компјутер без монитор. Сериозно, иако ептен малку беше застапен во последната сезона, нешто ми вели дека во него се крие најголем дел од мистеријата. | |
|
| |
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Пон Јун 22, 2009 10:35 pm | |
| Маестро си беше и си остана најдобар и ќе биде тоа се подразбира Намасте | |
|
| |
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Вто Јун 23, 2009 4:08 am | |
| Без разлика што не ми баш омилен лик, признавам дека без него стварно не би можел да ја замислам серијата. Во петтата сезона сепак и не беше многу важен. Како и да е, на крај сигурно главното што ќе се случува ќе биде поврзано со него. | |
|
| |
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Вто Јун 23, 2009 4:37 pm | |
| (Sawyer) Џек нависитна е еден од побитните, можеби и најбитните ликови, но јас мислам дека кој и да било лик, да исчезне од серијата нема да ни биде сеедно. На пример еве и Бен да го снема и Лок би било многу глупо... Намасте | |
|
| |
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Вто Јун 23, 2009 8:45 pm | |
| - LostyFox напиша:
- (Sawyer)
Џек нависитна е еден од побитните, можеби и најбитните ликови, но јас мислам дека кој и да било лик, да исчезне од серијата нема да ни биде сеедно. На пример еве и Бен да го снема и Лок би било многу глупо...
Намасте Точно! Веќе ептен се навикнавме на сите ликови, па било кој да умре ќе ни биде криво. Ако Лок е навистина мртов, ќе биде помалку „празно“ без него. | |
|
| |
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? Вто Јун 23, 2009 11:51 pm | |
| Jaс мислам дека самата серија си го прави своето Сета е многу поврзана и неможеш да бидеш фан само на еден лик, како во некои други серии. Мислам јас сум фан на Џек, но не гледам само Џек да ми биде во центарот на вниманието во серијата...туку сите, зошто ваква серија без основните ликови, Кејт, Соер, Бен, Саид, Лок и сите други не би била ВАКВА! Намасте | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: Изгубени без Џек? | |
| |
|
| |
| Изгубени без Џек? | |
|