Special (на македонски: „Посебен“) е првата Мајкл/Волт центрична епизода од Изгубени и четиринаесеттата воопшто од серијата, премиерно прикажана на 19 јануари 2005тата година.
Што ми се допадна?
Во основа, ова е за жал една од понеинтересните епизоди од првата сезона, иако се издвојува како поинаква од другите со долгиот флешбек поради кој едноставно е невозможно да не го засакате Мајкл како лик. Многу пати досега сум го кажал ова, но еве и уште еднаш, во случај да сте заборавиле: средишниот период од било која сезона на LOST во суштина секогаш претставува голем сетап за настаните кои ќе следат на самиот крај од истата, а "Special" претставува вистински школски пример за објаснување на „дефиницијава“ дадена претходно. Зошто го мислам ова? Најпрвин, самата приказна на Островот и надвор од Островот е доста интересна за следење, но неважна - но само на прв поглед. Кога малку повеќе ќе подразмислите, неколку епизоди подоцна, се соочуваме со проблематиката која ни беше претставена во флешбекот: специјалноста на Волт. Зошто? Затоа што од оваа причина ќе биде грабнат од Другите! Патем речено, сеуште не знаеме на кој начин е малиот поинаков!!! Во секој случај, истото (во врска со сетапов) важи и за мистериозното појавување на Клер од никаде во џунглата; со оглед на тоа што нејзината приказна за грабнувањето ќе биде подоцна откриена во втората сезона, а исто така како резултат на појавувањето Итан ќе го врати хоророт помеѓу преживеаните... Да ја скратам приказната: епизодава е огромен сетап!
Што забележав?
Забележав неколку работи. Еве ги:
- Винсент повторно се однесуваше чудно, посебно пред Волт да биде нападнат од поларната мечка.
- Кога птицата ќе се удри во вратата на Брајан (мажот на Сузан) во Австралија, Волт „случајно“ разгледува списание со птици. Подоцна, слична ситуација се случува на Островот - Волт чита некаков стрип во кој има поларна мечка, а само неколку часови подоцна е нападнат од, погодувате? Исто така поларна мечка! Дали ова значи дека Волт може да комуницира/раководи со мислите на животните?
- ако ја гледавте епизодата сигурно забележавте дека Клер на сон го видела бродот „Црната Карпа“. Се прашувам, што е значењето на сонот и всушност самото спомнување во серијата?!
Моменти за паметење:
- тепањето на поларната мечка и спасувањето на Волт од страна на Мајкл и Лок.
- разгорувањето на ривалството помеѓу Џон и Мајкл кое на крајот ќе спласне поради првата точка.
- појавувањето на Клер на крајот од епизодата.
- двоумењето на Чарли; дали да го чита или не дневникот на Клер?? Ова е според мене најсмешниот момент од првава сезона досега!
Интересни факти:
- стрипот кој Волт го читаше всушност му припаѓа на Харли (како што ќе видиме во Exodus, дел први).
- во епизодава за првпат е спомнат Египет како (сега веќе) незаменлив дел од серијата, кога Волт ќе им каже на своите родители дека мисли оти е посоодветно да учи за египетските птици, отколку за австралиските (или така нешто, ме мрзи да проверувам)...
Цитати:
Jack: What is that?
Charlie: Claire's diary.
Sayid: You read her diary?
Charlie: Yeah, I know. I'm bloody scum.
-----
Hurley: We're having another tournament for the last of the deodorant sticks.
-----
Walt:
[after throwing knife at tree] Man! I suck!
-----
Sawyer: Good literature is kinda scarce around here.
-----
Charlie:
[to Sawyer] You hit like a ponce.
Прашања за дискусија:- што ви се допадна најмногу во епизодата? Кој ви е омилен момент/сцена/цитат? Што оцена би и дале?!
- дали забележавте нешто необично?
Мој рејтинг:
Приказна (на Островот): 6
Митологија: 6
Флешбек: 6.5
Оцена: 6.15