Дали главниот актер од Lost ќе добие ОСКАР?Продуцентите на Изгубени,
Карлтон Кјус и
Демон Линделоф се убедени дека
Метју Фокс (актерот кој ја игра улогата на „главниот“ лик
Џек Шепард) по завршувањето на Изгубени ќе освои Оскар, или дека барем ќе биде номиниран!
И двајцата се доста сигурни дека ѕвездата од Гледишната Точка (
Vantage Point)
ќе и се посвети на кариерата многу повеќе по завршувањето на Lost во
2010 правејќи филмови кои предизвикуваат внимание кај публиката.
Кјус
вели: „Во него е скриен еден коктел на опасни и волшебни особини. Тој
ги има особините на човек кој ги води останатите, а исто така има и
херојски квалитети како актер.
Линделоф, пак, за
Details магазинотизјавил дека „Метју има потенцијал да биде главен човек, но дека според
него тој е повеќе заинтересиран во оние оригинални трансформативни
улоги.“
„Ве уверувам дека за три, или најмногу четири години тој
ќе добие номинација за најдобар спореден актер. Тој сака неговата глума
да биде тешка, мачна. Не сака да има смирени улоги,“ додал Линделоф. -
ИЗВОРДоколку
ова се оствари, се прашувам какви ќе бидат реакциите на фановите?
Впрочем, се прашувам какви ви се реакциите и сега, земајќи ја во обзир
наклонетоста на
Дарлтон спрема Метју?
...