Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Шпанска Премиера Дивизион 2009/10

Go down 
4 posters
АвторПорака
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 3:10 pm

Вчера започна и новата сезона на Шпанското фудбалко првенство, кое оваа година навистина би требало да биде возбудливо со оглед на тоа што доста фудбалски ѕвезди „се преселија“ тука!
Дали Барселона ќе ја продолжи фантастичната претходна сезона, каде што ги освои Лига на Шампионите, Шпанското првенство, Супер Купот (дополни ако сум пропуштил нешто Razz)... или пак Реал Мадрид пред се со едни од најголемите имиња во фудбалот, Кристијано Роналдо и Кака ќе може да им се спротистави?
Исто така, за кого навивате?

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Wf.03.02.07.la.liga.logo
Инаку, оваа сезона конечно нема да мора да ги слушаме тупењата на Сител и тоа само на еден натпревар (или преку сила два) во недела, бидејќи од вчера Алфа започна со пренесување на оваа лига, и ќе дава дури по 4 натпревари неделно!
За пофалба им е и емисијата пред натпревари со студио уредено по светски стандарди, едно од најдобрите видени кај нас, а за чудење е тоа што го води водителка, која има доста големи познавања од фудбалот. Shocked

Што се однесува до мојот фаворит, јас сум за Реал Мадрид, иако искрено ме плаши фактот што „сакаат повеќе да одат во квантитет, отколку во квалитет“. Донесоа премногу познати имиња, така што ќе им треба време да се воиграат. Вчера видов дека им одеше малку потешко со Ла Коруња, ама на крај победија со 3-2.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 4:32 pm

Јас сум за Валенсија...отсекогаш и сум бил. Smile
Што се однесува до битката за титулата, најлесно е да се предвиди дека таа ќе се одвива помеѓу Барса и Реал, но мислам дека се’ уште е рано за било какви предвидувања. Ова првенство исто како и Премиер лигата е доста непредвидливо во тој поглед. Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 5:17 pm

значи повеќе пати имам кажано дека не навивам за ниту еден тим, но имам од секоја лига тимчиња кои сакам да ги гледам и потајно стискам палци за ниВ Smile
Од шпанија „симпатични“ тимчиња ми се Валенсија(конечно да се согласиме во нештО) и Атлетико Мадрид. А за титулата мислам дека пак ќе ја освои Барса, едноставно е: џабе толку го фалат реал кога неможе ништо да направи и со овој состав. Не се важни ѕвездите кој ги собрал важна е играта и стратегијата. А пола од тие ѕвезди можам да кажам дека се самопрогласени ѕвезди почнувајќи од Роналдо, преку Бензема па се до Кака...
поздрав и жалам маестро но реал ниту оваа сезона нема да ја освојат титулата Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeНед Aвг 30, 2009 7:10 pm

Омилен тим не само во Шпанија, туку и воопшто ми е Барселона. Не само заради тоа што сум нивен навивач, туку и онака мислам дека пак ќе ја одбранат титулата, зашто имаат далеку поуигран состав од Реал. Реал има само куп ѕвезди, ама треба прво да ги вклопат играчите, па после да се носат со Барса. Друга екипа мислам дека нема шанси за титулата. Ќе биде доста интересна борбата од трето место па надолу. Оваа сезона мислам дека Атлетико Мадрид ќе бидат доста силни, па по нив Виљареал и Севиља. Инаку, се согласувам дека Сител беа „тапа“ кога го пренесуваа ова првенство, добро што го зеде Алфа. Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeПон Aвг 31, 2009 12:45 am

Sawyer^^ напиша:
Реал има само куп ѕвезди, ама треба прво да ги вклопат играчите, па после да се носат со Барса. Друга екипа мислам дека нема шанси за титулата.
Се согласувам за делот со Реал. Ама не би бил толку сигурен дека единствени претенденти за титулата во Шпанија се само Барса и Реал. Така и порано се правеа прогнози за разни сезони, па пак некогаш знаеја да изненадат Виљареал, Валенсија или А. Мадрид. Wink
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeПон Aвг 31, 2009 1:03 pm

Losteech напиша:
Sawyer^^ напиша:
Реал има само куп ѕвезди, ама треба прво да ги вклопат играчите, па после да се носат со Барса. Друга екипа мислам дека нема шанси за титулата.
Се согласувам за делот со Реал. Ама не би бил толку сигурен дека единствени претенденти за титулата во Шпанија се само Барса и Реал. Така и порано се правеа прогнози за разни сезони, па пак некогаш знаеја да изненадат Виљареал, Валенсија или А. Мадрид. Wink
ДА ама сепак Реал и Барса се претенденти и оваа сезонаtongue
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitimeПон Ное 30, 2009 3:30 am

Ете се одигра и Ел класико - најголемото европско дерби. И се знае кој победи - Барса! cheers

Иако не победија лесно, покажаа дека се далеку подобра и покомпактна екипа од Реал. И со играч помалку имаа поголем посед на топка (на крај на мечот беше околу 65 - 35%). Реал само преку контра напади беше опасен. Роналдо промаши стоотстотна шанса, и казната си стигна.... Smile

Се на се, се гледа дека Барса е уиграна екипа, а Реал со толку ѕвезди на куп изгледаше како раштимана машина. Кака, на пример, исто како да не играше. Smile Сега очекувам само посепено да ја зголемуваат предноста, и да ја одбранат титулата. Razz
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Шпанска Премиера Дивизион 2009/10   Шпанска Премиера Дивизион 2009/10 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Шпанска Премиера Дивизион 2009/10
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» NBA, сезона 2008/2009
» Лига на шампиони 2009/10
» Италијанска Сериа А 2009/10
» US Open 2009 (ФИНАЛЕ)
» СП во ракомет 2009 (мажи)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Off topic :: Спорт-
Отиди до: