What Kate Did (на македонски: „Што направи Кејт“) е деветтата епизода од втората сезона на Изгубени, премиерно емитувана на 30. ноември 2005. Ова е единствената Кејт-центрична епизода од втората сезона.
Кратка содржинаКејт ќе помисли дека се мрднува откако ќе види сличен црн коњ од оној од нејзиното минато и откако ќе го слушне гласот на нејзиниот татко додека зборува со Соер. Во меѓувреме, Еко му покажува на Лок интересен предмет. Во флешбекот дознаваме, како што и насловот на епизодата сугерира, што Кејт направила...
Конечно, по извонредно досадните три претходни Кејт-центрични епизоди, добиваме и нешто вредно за паметење. What Kate Did е без конкуренција најдобрата епизода посветена на Кејт во досегашниве две сезони. Единствена Кејт-центрична епизода која би можеле да ја споредиме со квалитетот на оваа би била Whatever Happened, Happened од петтата сезона. Другите се прилично досадни и непотребни епизоди, кои можеби се интересни за следење на прв поглед, но ако ги гледате повторно ќе сфатите дека истите не понудиле ниту едно нешто од голема важност за идните настани во серијата. Ова, секако, не важи за овие две претходно споменати епизоди!!!
Моменти за паметење:- првата флешбек сцена во која Кејт го дига во воздух својот насилен татко...нешто кое верувам дека на никој од нас никогаш не би му паднало на памет како теорија. Или, барем на мене не ми падна.
- погребот на Шенон и говорот на Саид. Сценаристите знаат како да се збогуваат вистински со ликовите кои ги сакаат. Таков беше случајот и со Бун. Таков е и со Шенон. Одлично сработено!
- Првиот Џејт бакнеж кој се случува точно една сезона подоцна од првиот Скејт бакнеж. Се сеќавам дека кога првпат ја гледам епизодава бев многу радосен заради овој настан.
- појавувањето на мистериозниот коњ во џунглата - истиот кој неколку години претходно ќе ја спаси Кејт од затвор.
- крајот на епизодата со уште помистериозното "Dad?".
Нешта кои ги забележавИскрено, добив впечаток дека Џејкоб и неговиот непријател се борат за да ја добијат Кејт на својата страна во текот на оваа епизода. Еве зошто. Додека таа е во џунглата и собира јаболки од дрвјата, го здогледува истиот (ОК,
најверојатно истиот!) коњ кој како што веќе знаете ќе го видиме во флешбекот подоцна. Нормално, таа не си верува на своите очи, и оди до окното каде што Џек ќе и ја препушти грижата над Соер. Само неколку минути подоцна, Соер се „преобразува“ (не знам како да го наречам ова поинаку?!) во Вејн кој користејќи го неговото тело ја запрашува Кејт „зошто го убила“. По ова таа уште повеќе полудува, по што вообичаено за нејзе бега наоколу низ џунглата за некое време, па се враќа пак во окното каде што ќе му одговори на Вејн „зошто го сторила тоа“ и бла бла бла работи, но на крајот ќе испадне оти всушност Соер бил буден и ја слушал постојано како се „исповеда“. Конечно, по ова, тие излегуваат надвор (со цел Соер да поверува дека е се’ уште на Островот) и го здогледуваат ТОКМУ црниот коњ од минатото на Кејт. И двајцата!
Мојата теорија на оваа тема е дека коњот, во минатото, бил всушност испратен од Џејкоб, бидејќи неговата цел тогаш била Кејт да заврши на летот 815, а подоцна да не биде „освоена“ (или слично) од страната на неговиот непријател кој сметам дека е виновникот што коњот ќе се појави на Островот, а потоа ќе го завзеде и телото на Соер по што ќе и се претстави како Вејн на Кејт - настан поради кој таа едвај ќе успее да се созеде... Дали е ова само уште една глупост произведена од мојот мозок веројатно никогаш нема да дознаеме.
Во врска со моментот од крајот на епизодата, не ми текнува ништо посоодветно освен дека Волт можеби имал моќи преку кои без никаков проблем можел да комуницира со било каква машина, а на тој начин и со машината од Лебедот. Нешто слично како и Мајка (Micah) од Херои. Ова на некој начин ни објаснува и како тој знаел што се крие во окното!
Интересни факти- Продуцентите во официјалниот подкаст изјавиле дека името на епизодата било инспирирано од константните прашања на големиот дел од фановите кои често прашувале што Кејт направила поради што е бркана од полицијата.
- На телевизорот во Армискиот регрутен центар каде Кејт ќе го посети Сем Остен јасно е
прикажан Саид кој е втурнат на задните седишта од некоја кола. Подоцна ќе ни биде откриено дека Сем го знаел Саид додека бил дел од Републиканската Гарда на Ирак за време на Голфската војна.
Цитатите од епизодава можете да ги прочитате на следниов
линк.
Прашања за дискусија- Која Кејт-центрична е подобра:What Kate Did или
Tabula Rasa?
What Kate Did или
Whatever the Case May Be?
What Kate Did или
Born to Run?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?
Мој рејтингПриказна (на Островот): 8.5
Митологија: 7
Флешбек: 9
Оцена: 8.20