Со цел да го намали бројот на илегални симнувања, Иранската Влада најверојатно ќе го прифати предлогот Изгубени да започнат со прикажување во Иран, на тамошната национална телевизија IRIB. Со ова, Иранците добиваат една причина плус за да не ги напаѓаат Американците со помош на своето нуклеарно оружје. :)
По многу дискусии и блогови посветени на хит-серијата во Иран, телевизијата IRIB се одлучила да ги откупи првите три сезони од шоуто, откако постигнала договор со компанијата "Silver Screen" - која е всушност Иранската водечка видео дистрибутивна организација (за откупување на серии и филмови).
Како и да е, не е се така перфектно во оваа ситуација...
Имено, Изгубени во Иран ќе бидат прикажувани со
синхронизација (која веројатно ќе биде уште победна/посмешна од нашата за најзабавната сапуница на сите времиња која се прикажува на А1 - „Заклетва“, или нешто во тој стил!) и притоа сите сцени кои според нивните убедувања и верски гледишта се „непристојни“ ќе бидат отстранети!
Тоа, на кратко речено, значи дека Иран нема да има шанса да ги доживее убавините на Ката, што за „тешка“ серија од калибарот на Lost може да се сфати само како трагична пресвртница во една среќна ситуација...
Во секој случај, ова покажува колку Изгубените се популарни насекаде низ светот. Па, дури и таму каде што владее тотално Анти-Американско расположение!