Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Алфа ТВ

Go down 
5 posters

Оцена за Алфа ТВ
5
Алфа ТВ I_vote_lcap33%Алфа ТВ I_vote_rcap
 33% [ 2 ]
4
Алфа ТВ I_vote_lcap17%Алфа ТВ I_vote_rcap
 17% [ 1 ]
3
Алфа ТВ I_vote_lcap33%Алфа ТВ I_vote_rcap
 33% [ 2 ]
2
Алфа ТВ I_vote_lcap0%Алфа ТВ I_vote_rcap
 0% [ 0 ]
1
Алфа ТВ I_vote_lcap17%Алфа ТВ I_vote_rcap
 17% [ 1 ]
Општо гласови : 6
 
Back

АвторПорака
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 6:42 pm

Алфа ТВ New_alfatv_logo

Со нов менаџмент и нова и млада екипа на новинари, на трети јуни 2008 година телевизија Алфа започна да емитува редовна програма.

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма.

Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.

Менаџерскиот тим на Алфа го предводат Младен делев како генерален директор и Љубомир Николовски како програмски директор. Главен и одговорен уредник е Ацо Кабранов.

Телевизиското новинарство е многу специфична работа, бидејќи за разлика од печатените медиуми, овде квалитетот на крајниот производ зависи од работата на многу поголем број луѓе. Односно, крајниот телевизиски производ е крајот од “лентата на телевизиското производство”, на која стојат повеќе работници, а контролор е самиот новинар.

Така, и покрај тоа што секаде во светот, според телевизиските стандарди, главниот носач на информациите во вестите се добрите слики, односно добро компонираните кадри, тоа не е случај во Македонија. Овде, многу малку телевизиски новинари знаат дека прилогот всушност треба да го осмислуваат на база на сликата. Но, за да имаат квалитетни и добро измонтирани слики, потребен е квалитетен ангажман и од страна на снимателите, монтажерите и другите телевизиски техничари.

Прво што на овој план го направил менаџментот на Алфа ТВ е што инвестирал во квалитетни обуки на младите новинари, кои во најголем дел се почетници.

Со ова Алфа може да се вброи во една од ретките приватни телевизии во Македонија која сериозно се позанимавала со инвестирање во знаењата и вештините на својот новинарски кадар, како основен предуслов за квалитетот на вестите и останатата програма.

Секој што досега влегол во Алфа телевизија, останал со отворена уста, кога видел каква техника има оваа телевизија, што не е случај со ниту една од македонските телевизии.

Голем дел од инвестицијата е вложена токму во купување најмодерна дигитална опрема. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Базирана е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Ова значи дека Алфа ТВ емитува сигнал со драстично подобар квалитет од сигналите на останатите македонски телевизии, што ќе придонесе за еден исклучително квалитетен краен изглед на програмата.

Телевизијата е организирана во три режии. Првата режија е наменета за вести, втората - за продукција, а третата - за програма.

Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери.

Студијата се климатизирани, а ги задоволуваат стандардите од акустички аспект и од аспект на соодветна висина која е потребна за да се намести добро светло.

Направени се по евровизиски стандарди.

Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.
Вратете се на почетокот Go down
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 6:44 pm

За мене Алфа дефинитивно е најпрофесионална во однос на останатите телевизии.
Македонските емисии им се со врвен квалитет, со драстична разлика во однос на оние на останатите телевизии.
Сериите и филмовите им се малку послаба страна, но тоа е најлесно за поправка.

Мокош и Земи или остави мене ми се најдобри.
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeНед Сеп 27, 2009 8:10 pm

Јас Алфа гледам само ако начекам добар филм а тоа се случува ретко Wink

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Сеп 28, 2009 4:16 pm

Јас сум задоволен од телевизијава, нема многу добри серии, филмови напротив пуштаат добри, но сепак млада телевизија се има време...им давам 3, бидејќи се далуку од канал 5, а многу се подобри од а1 сител
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Сеп 28, 2009 4:22 pm

Алфа е ОК телевизија, од нив очекувам повеќе за 1-2 години кога би требало, ако продолжат како што тераа и до сега, да направат една многу појака програма со позанимливи серии и филмови.

Се согласувам со Маестро дека емисиите им се јаката страна, но една телевизија не е комплетна без добра филмска програма...

Од сериите единствено што сум гледал беше Mad Men, друго не ме привлекло воопшто.

Јас не сум и баш мерило, зашто едноставно во текот на учебната година немам ич време за да гледам телевизија. (што од обврски, што од самата помисла дека интернетот ми е тука и се што ќе посакам ми е на „оддалеченост“ од еден клик) Алфа ТВ Icon_razz

А, и да, гласав 4! Алфа ТВ Icon_basketball
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Сеп 28, 2009 10:43 pm

Јас гласав со 3, сепак се млада телевизија, ама гледам дека пополека добро се развива. Најмногу гледам Земи или остави, и Шпанското првенство, кое го пренесуваат 100 пати подобро од Сител. Емисиите и сериите не им ги следам многу, па немам коментар за нив. Smile
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 1:31 am

што има разлика дали ќе гледате фудбал на сител или на алфа? Very Happy Razz
Namaaste
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 1:45 am

LostyFox напиша:
што има разлика дали ќе гледате фудбал на сител или на алфа? Very Happy Razz
Namaaste

Па, има разлика, посебно со Шпанската лига. Сител лани крадеа слика од странски телевизии, се слушаше во позадина гласот на странскиот коментатор. Плус, според мене, Алфа има многу подобри коментатори од Сител. Алфа исто има специјална емисија пред преносите, а и дава неделен преглед на колото. Сител сега гледам дека си ја сфатиле поозбилно работата, добро го пренесуваат Англиското првенство, ама лани Шпанското го пренесуваа мизерно.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeПон Окт 05, 2009 1:59 am

LostyFox напиша:
што има разлика дали ќе гледате фудбал на сител или на алфа? Алфа ТВ Icon_biggrin Алфа ТВ Icon_razz
Namaaste
Две различни првенства, две различни телевизии со различни коментатори и со различни манири и норми на однесување.

Само тоа е разликата. Алфа ТВ Icon_basketball
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitimeСре Окт 07, 2009 8:13 pm

Losteech напиша:
LostyFox напиша:
што има разлика дали ќе гледате фудбал на сител или на алфа? Алфа ТВ Icon_biggrin Алфа ТВ Icon_razz
Namaaste
Две различни првенства, две различни телевизии со различни коментатори и со различни манири и норми на однесување.

Само тоа е разликата. Алфа ТВ Icon_basketball

оки доки и гат ит Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Алфа ТВ Empty
ПишувањеПредмет: Re: Алфа ТВ   Алфа ТВ I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Алфа ТВ
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Off topic :: Медиуми-
Отиди до: