Кога пред три години ABC и продуцентите на Lost постигнаа договор за крајот на серијата, ни беа ветени три сезони од шеснаесет епизоди кои ќе се прикажуваат во периодот од февруари (на почетокот, или евентуално крајот на јануари...) и кои ќе се емитуваат без никакви паузи.
Со четвртата сезона се случи тоа што се случи - имаше штрајк на сценаристите, па се’ испадна „каша - попара“. Нормално, како и сите американски серии, така и Изгубените беа приморани да паузираат, но за среќа, на крајот добивме 14 солидни драматични часа.
Следната, петта сезона, и покрај тоа што не се соочи со ваков проблем, сепак доживеа цели две паузи од по една недела, кои сакале или не сакале да прифатиме, сепак влијаеја врз самата гледаност на серијата, а и врз нас како гледачи бидејќи веќе започнавме да се прашуваме до кое
НИКАКВО ниво може да отиде респектирањето кон своите гледачи, бидејќи ABC по втор пат и без никакви извинувања кон аудиториумот продолжи да го прекршува дадениот „завет“.
Три години подоцна, фановите на Изгубени се соочени со истиот проклет ПРОБЛЕМ! Не само што ние мораме да чекаме цели осум месеци за нова епизода, туку потоа мора да бидеме задоволни ако американската Алфабет телевизија се одлучи да ја паузира серијата за „само“ две недели.
Оваа година, то ест, идната, проблем претставува ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА, поради која, по се изгледа, Lost повторно ќе мора да заминат на принуден одмор со цел рејтинзите да не се намалат премногу. Олимпијадата трае од 12. до 28. февруари, што значи дека ќе има најмалку двонеделна пауза за време на шестата и последна сезона.
За жал, и покрај тоа што сакам сето ова да биде една голема и невкусна измислица, сепак, такво нешто не е возможно. Овие зборови не се мои, туку на самиот продуцент на Изгубени - Карлтон Кјус - кој го изјавил сето ова додека бил на посета во Харвард. Неговите зборови денеска проструија низ Лостосферата, најпрвин
кај DarkUFO, а набрзо и низ сите други светски сајтови и форуми за Lost, меѓу кои и овој на кој се наоѓате сега!
Како и да е, да се надеваме дека ABC и продуцентите ќе ја променат својата одлука до февруари. Во друг случај, многу е возможно шестата сезона да започне уште во првата недела од јануари, а да паузира некаде при почетокот на вториот месец...што и не е така лошо, но сепак, тие две недели ќе бидат УБИСТВЕНИ!
Што мислите Вие за ова?! Очигледно ABC повеќе се грижи за гледаноста отколку за гледачите...
Останете вклучени на форумов за повеќе информации околу шестата сезона!