Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ Сре Дек 16, 2009 12:07 am | |
| Уште еднаш нашата омилена серија е номинирана и уште еднаш во категоријата за најдобра драма - овојпат на Writers Guild Awards (Награди на сценаристичкиот еснаф). Номинираните во оваа категорија, покрај LOST се и следниве серии:
- Lost, Written by Carlton Cuse, Adam Horowitz, Edward Kitsis, Melinda Hsu Taylor, Damon Lindelof, Greggory Nations, Kyle Pennington, Elizabeth Sarnoff, Brian K. Vaughan, Paul Zbyszewski; ABC
- Breaking Bad, Written by Sam Catlin, Vince Gilligan, Peter Gould, George Mastras, J. Roberts, John Shiban, Moira Walley-Beckett; AMC
- Dexter, Written by Scott Buck, Charles H. Eglee, Lauren Gussis, Clyde Phillips, Melissa Rosenberg, Wendy West; Showtimе
- Friday Night Lights, Written by Bridget Carpenter, Kerry Ehrin, Ron Fitzgerald, Brent Fletcher, Etan Frankel, Jason Gavin, Elizabeth Heldens, David Hudgins, Rolin Jones, Jason Katims, Patrick Massett, Derek Santos Olson, John Zinman; NBC
- Mad Men, Written by Lisa Albert,Andrew Colville, Cathryn Humphris, Andre Jacquemetton, Maria Jacquemetton, Brett Johnson, Erin Levy, Marti Noxon, Robin Veith, Dahvi Waller, Matthew Weiner; AMC
Денеска беа исто така објавени номинациите за Golden Globes (Златен Глобус). Lost не беа номинирани во категоријата за најдобра драма, исто како ште не беше номинирана ниту, веројатно најдобрата нова комедија во последниве 5 години The Big Bang Theory, но затоа пак како и секогаш Mad Men и 30 Rock ги добиваат сите можни номинации. Истовремено, некои нови серии како Glee и Modern Family во категоријата за комедија и мјузикл се избрани наместо комедии од типот на How I Met Your Mother, Two and a Half Men, гореспоменатата TBBT...!?! А, и уште едно нешто ме зачуди - како е возможно филмот Avatar кој ќе ја доживее својата премиера на 18ти декември (за 3 дена) да биде номиниран во цели четири категории (вклучувајќи ги и можеби најпрестижните - за најдобар филм/драма и најдобар режисер за Џејмс Камерон)? Нешто смрди тука! Како и да е, барем Мајкл Емерсон (Бен) повторно е номиниран за најдобар спореден актер од серија. Да се надеваме дека и на овие, како што веќе заклучивме, шарлатански награди, ќе си ја добие заслужената статуетка. (потсетување дека во септември годинава тој доби ЕМИ во истата категорија!) | |
|
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ Сре Дек 16, 2009 12:14 am | |
| би требало да земеме награда, или не? | |
|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ Сре Дек 16, 2009 12:18 am | |
| - Мики напиша:
- би требало да земеме награда, или не?
Сеедно ми е, ако не земеме оваа година, идната сигурно не ни бега... | |
|
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ Сре Дек 16, 2009 2:00 am | |
| Не верувам дека ќе добијат награда за серија, секогаш се форсираат едни те исти серии, како Med Men. Само Мајкл Емерсон може да изненади и да „лапне“ уште некоја награда, сосема заслужено. | |
|
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ Сре Дек 16, 2009 9:38 pm | |
| Нема да земе Бен пошто него му помина редот нели лани А за другиве, абе ајдееее...подебилни серии не можеше да бидат. 30 Рок и Мед Мен = КАТАСТРОФА Ај наредната година се што е можно ќе им собереме и така...! Намасте | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Номинации за Изгубени на „Златниот глобус“ и „Наградите на сценаристичкиот еснаф“ | |
| |
|