Како што гледате, поголемиот дел од изворите на DarkUFO се сигурни дека Џек и Кејт ќе завршат заедно на Островот, додека пак Соер и Кејт во алтернативниот универзум.
Пет извори на DarkUFO, според она што го имаат прочитано од досегашните напишани сценарија, сметаат дека Џек и Кејт ќе завршат заедно во сегашноста. Еден извор смета дека тоа ќе се случи и во алтернативниот универзум. Што се однесува до другиот пар (Скејт = Соер и Кејт), три извори мислат дека тие ќе завршат заедно во алтернативниот универзум, а ниту еден во сегашноста!
Она што е интересно е следниов факт: цели четири извори од вкупно деветте велат дека нема ништо од горенаведеното да се случи!
Дали е возможно разврската на љубовниот триаголник да биде токму тоа: дека ниту еден од нив не заслужува да има среќен крај?!...
Извор