Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Pilot, part 2 (1x02)

Go down 
5 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeСаб Мај 30, 2009 8:42 pm

Вториот дел од Пилотот, за првпат прикажан на втори октомври 2004тата година, го комплетира воведот на Изгубени на еден монструозно неочекуван и шокирачки начин, на кој повеќето гледачи не би можеле да му одолеат. Ова е, дефинитивно, епизодата која ме навлече на Lost. А верувам дека случајот е ист и кај повеќето од вас...

Пред да започнеме со дискусијата, еве ви [url=http://isohunt.com/download/61292801/Lost season 1.torrent]торент[/url] преку кој можете да ја симнете оваа епизода. (изберете ја само втората епизода од листата, а другите одселектирајте ги!)
Pilot, part 2 (1x02) 1x02_sawyer

Што ми се допадна?
И покрај тоа што многу нешта во вториов дел од Пилотов не беа на нивото на првиот, сепак сметам дека истиот на некој начин на обичниот гледач му го навестува концептот на самата серија. Мистерии, мистерии и само мистерии!

Многумина од вас (зборувам од лично искуство) веројатно се беа изнасмеале кога ја видоа поларната мечка во џунглата, сметајќи дека сценаристите нема никогаш да ни објаснат како успеала да преживее таму, но ете, после пет сезони можам слободно да кажам дека НЕ бевме во право... Зошто ја спомнав мечката? Бидејќи е показател оти, сепак, некои делови од приказната биле испланирани уште од тогаш!!! Wink

Иронично, но има и уште едно спорно прашање кое по епизодава сите ние започнавме да си го поставуваме и кое сеуште се врти во етерот... Каде се изгубените и што всушност е Островот?! Верувам дека и ова ќе ни биде јасно наскоро, затоа што и во моментов има одредени персони кои тврдат дека ТИЕ (мислам на сценаристите, не на Другите) никогаш нема да ни објаснат што е Островот. Нормално, зборувам за фанови кои се откажале од серијата после пет епизоди... pirat

Што забележав?
За разлика од првиот дел од Пилотот, овој има доста посиромашна позадина. Доколку ја гледате по втор пат, ќе сфатите дека без крајот, епизодава е, благо речено, една од најдосадните досега снимени. Среќа што ова си го помислив откако ја изгледав по петти пат. =))
Како и да е, еве ги моментите кои ги забележав, а за кои мислам дека е потребно да се одвојат.
- додека Волт го бара Винсент, слушаме како некоја жена вреска во џунглата.
- некои ликови се облечени во бело (Џек и Лок), а некои во црно (Чарли). Не викам дека има некаква врска, но можно ли е сценаристите уште од тогаш да не предупредувале за улогата која ќе ја имаат одредени карактери во Изгубени?!
- бикинито на Шенон е супер. То ест, погрешно се изразив...Шенон изгледа супер во бикинито!!! affraid bounce Laughing

Моменти за паметење:
- откриваме дека Кејт е затвореникот.
- сцената со поларната мечка.
- разговорот помеѓу Џон Лок и Волт; две страни, една бела, една темна.
- стариот добар Харли се онесвестува бидејќи „не му е добро во близина на крв“.
- тепачката помеѓу Саид и Соер, како и нивната нетрпеливост која подоцна ќе кулминира кога Саид ќе започне да го мачи Измамникот.
- „Каде сме“ моментот. Кликни за да го видиш повторно!

Интересни факти:
- како што веќе знаете, заедно со првиот дел од Пилотот, ова е една од најскапите епизоди досега снимени во историјата на САД со цена од 11.5 милиони долари.
- во некои сцени може да забележите како Соер зборува на типичен американски јазик. Ова биле сцени во кои Џош Холоувеј го криел својот јужен акцент и дел од нив воопшто не се ни прикажани...
- епизодата трае само 39 минути и 40тина секунди и е најкратката епизода од Изгубени досега прикажана, за цела една минута и 20 секунди пократка од втората најкратка епизода, "Homecoming".
- сцената во која Соер пука во поларната мечка била доста проблематична бидејќи за време на снимањето се користела лажна мечка која за време на првото тест-прикажување на оваа епизода, изгледала смешно ако ја запрете сликата (ВИДИ ТУКА). Од оваа причина, подоцна биле вметнати некои пореалистични CGI ефекти.
- поларната мечка е првиот доказ за постоењето на DHARMA Иницијативата.
- бродот „Црната Карпа“ бил спомнат од Русо, но Шенон не успеала да го преведе овој момент...
- кога Соер и Саид се тепаат, Саид му вели на него „Ibn Al-Kalb“, што во превод би значело „кучкин син“.

Цитати:
Charlie: That’s French! The French are coming! I’ve never been so happy to hear the French!
----
Boone: You spent a year in Paris!
Shannon
: Drinking, not studying!
----
Claire: I haven’t felt the baby move since yesterday.
----
Locke: Two players, two sides. One is light, one is dark. Walt, do you wanna know a secret?
----
Kate: [to Sawyer] So you decided to join us.
Sawyer: I am a complex guy, sweetheart.
----
Hurley: Uh, I'm not so good around blood.
Jack: Then don't look.
Hurley: Yeah, but... I'm not so good around blood...
----
Shannon: I’ve just been through a trauma here!
Boone
: We’ve all been through a trauma! The only difference is that you’ve given yourself a pedicure since the crash!
----
Charlie: Guys...where are we?!
----

Прашања за дебатирање:
- која е вашата омилена сцена по која ќе ја памтите епизодава?
- каде и што е Островот?!
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeСре Јун 10, 2009 7:35 am

конечно ја изгледав епизодава...
после ќе оставам коментар
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeЧет Јун 11, 2009 1:02 pm

Е ајде, чекаме. Smile
Инаку, денеска конечно ќе го постирам ривачот за Walkabout...се надевам накај 18:00 ќе биде веќе достапен!

позз
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeЧет Јун 11, 2009 3:54 pm

Значи епизодава беше типично „острвовска“, немаше премногу херојство и спасување но затоа тука беше патувањето низ острвот. Прво што забележав во епизодава беше тоа што во оваа епизода немаше „претходно во Лост“. Може средишниот дел од епизодата не беше на ниво на претходната, но затоа крајот беше одличен и многу подобар од претходниот. Со овој крај веќе почнаа да се редат мистериите, како што пиша погоре мислам дека токму овој крај оваа драма на крајот од епизодата ме задржа да продолжам да ја гледам оваа брилијантна серија. Исто така во оваа епизода се случи и првата тепачка меѓу Соер и Саид и дури сега забележувам дека Соер од оваа епизода премногу се променил. Значи во првите две сезони беше оној типичен Соер, кој ми беше омилен лик, но како што одминувааа сезоните особено во 5 се повеќе го заменува Џек со неговите херојски потези, а тоа не беше во првите две сезони. Сепак штета...Од оваа епизода не се заборава ниту моментот со лок и волт; двата фб каде дознавме за наркоманското и криминалното минато на двата лика; вреди да се спомне и убивањето на поларната мечка од страна на „комплексниот дечко; и да не го заборавам одличниот крај и уште поодличното guys where are we? Значи еден заклучок: Епизодава не беше на рамништете на претходната но крајот ќе ми остане засекогаш во главата(како еден фан на Лост)
поздрав
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeЧет Јун 11, 2009 10:02 pm

Мики напиша:
Значи епизодава беше типично „острвовска“, немаше премногу херојство и спасување но затоа тука беше патувањето низ острвот. Прво што забележав во епизодава беше тоа што во оваа епизода немаше „претходно во Лост“. Може средишниот дел од епизодата не беше на ниво на претходната, но затоа крајот беше одличен и многу подобар од претходниот. Со овој крај веќе почнаа да се редат мистериите, како што пиша погоре мислам дека токму овој крај оваа драма на крајот од епизодата ме задржа да продолжам да ја гледам оваа брилијантна серија. Исто така во оваа епизода се случи и првата тепачка меѓу Соер и Саид и дури сега забележувам дека Соер од оваа епизода премногу се променил. Значи во првите две сезони беше оној типичен Соер, кој ми беше омилен лик, но како што одминувааа сезоните особено во 5 се повеќе го заменува Џек со неговите херојски потези, а тоа не беше во првите две сезони. Сепак штета...Од оваа епизода не се заборава ниту моментот со лок и волт; двата фб каде дознавме за наркоманското и криминалното минато на двата лика; вреди да се спомне и убивањето на поларната мечка од страна на „комплексниот дечко; и да не го заборавам одличниот крај и уште поодличното guys where are we? Значи еден заклучок: Епизодава не беше на рамништете на претходната но крајот ќе ми остане засекогаш во главата(како еден фан на Лост)
поздрав
Епа да, тоа е тоа, одлично завршена домашна работа, се си забележал. =)))
Инаку, нема "Previously on Lost" бидејќи се работи за вториот дел од Пилотот. Продуцентите ги сметаат и двата дела како една епизода и затоа веројатно немаше рикап на претходната епизода. Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeЧет Јун 18, 2009 2:10 pm

Eпизодава, супер како и другите. Не забележав дека е пократка, но да немаше привијулси он лост, па затоа можи скратена е за минута и пола. Одлична епизода. Кога го гледам ова, првиве епизоди некогаш станувам нервозна што лост замина во овј првец. Поубаво ми беше некако дури беше се островско но и вака е ЗАКОН.

Мики има право сегашниот Соер не е Соер, што знам, ептен направија радикални промени во ликовите, најверојатно за да се знае дека островот влијаел на нив. Херојот Џек, станува клошар, Страшниот Соер со незаменливиот поглед, станува љубовџија во смисла на романтичар, Кејт од оштра девојка станува грижлива мајка, сепак ќе кажам дека првата сезона е незамнелива Wink

Мечкана навистина изгледа глупо, ама во епизодате не беше грдо, реално беше Smile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeСаб Јун 20, 2009 7:19 pm

LostyFox напиша:
Eпизодава, супер како и другите. Не забележав дека е пократка, но да немаше привијулси он лост, па затоа можи скратена е за минута и пола. Одлична епизода. Кога го гледам ова, првиве епизоди некогаш станувам нервозна што лост замина во овј првец. Поубаво ми беше некако дури беше се островско но и вака е ЗАКОН.

Мики има право сегашниот Соер не е Соер, што знам, ептен направија радикални промени во ликовите, најверојатно за да се знае дека островот влијаел на нив. Херојот Џек, станува клошар, Страшниот Соер со незаменливиот поглед, станува љубовџија во смисла на романтичар, Кејт од оштра девојка станува грижлива мајка, сепак ќе кажам дека првата сезона е незамнелива Wink

Мечкана навистина изгледа глупо, ама во епизодате не беше грдо, реално беше Smile

Намасте
Серијата забега многу и никако во моментов не може да ја споредиме со она што беше во својата прва сезона, ама мене тоа воопшто не ми смета, би рекол дека вака е дури и поинтересно. Smile Едноставно повеќе ме интересираат мистериите и митологијата, отколку љубовниот триаголник или сл. =))

П.С. Мислам дека една од многуте теми на серијава е како на сите им се променува животот по падот на авионот на Островот, па од таа причина има толку многу промени во карактерите на ликовите. Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeНед Јун 21, 2009 5:51 pm

ја изгледав..
не знам зашо викате дека не е на рамниште на првата..
јас не се согласувам.. а можда и бидејќи си ги сметам двеве епизоди како една, онаа која треба да те зарази.. па ќе речам дека и оваа е Супер епизода..
пак се воодушевив колку работи се дадени како хинтови кои ќе се решат во наредните епизоди/сезони:
-односот меѓу Сан и Џин
-односот меѓу Волт и Мајкл
-радио-трансмицијата
-мистеријата околу поларната мечка (а претходно и easter egg-от со поларната мечка во стрипот.. па којзнае--можда Волт со неговите моќи ја „привлекол“ мечката навака)
-спомнувањето на Black Rock
-и се разбира, There are two sides--one of them is LIGHT the other one BLACK!!

а иначе.. не се сеќавам.. се разјасни понатака шо му кажа Лок на Волт?? она коа му рече дека има да му каже некоја тајна? (или тоа беше дека не можел да оди претходно?)

позз
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeПон Јун 22, 2009 2:27 am

Steff напиша:
ја изгледав..
не знам зашо викате дека не е на рамниште на првата..
јас не се согласувам.. а можда и бидејќи си ги сметам двеве епизоди како една, онаа која треба да те зарази.. па ќе речам дека и оваа е Супер епизода..
пак се воодушевив колку работи се дадени како хинтови кои ќе се решат во наредните епизоди/сезони [...]
а иначе.. не се сеќавам.. се разјасни понатака шо му кажа Лок на Волт?? она коа му рече дека има да му каже некоја тајна? (или тоа беше дека не можел да оди претходно?)

позз
Некако нема акција како во првата и сцените ко да се расфрлани онака...или бар мене така ми се причини. Во право си за овие хинтовиве иначе. Вторава епизода досега има најмногу! Wink

А за Лок...па не, не се разјасни што му кажа на Волт, ама општоприфатен факт е дека му открил оти бил инвалид претходно. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeПон Јун 22, 2009 4:06 am

Jaс мислам дека му кажуваше дека островот е специјален и дека тајната всушност е дека не можел да оди претходно! Wink

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeВто Јун 23, 2009 4:02 am

Втората епизода немаше акција како првата, ама беше исто доста интересна содржински. Во првата мистерија беше само Чудовиштето, тука веќе ги имавме и поларната мечка, пораката на Русо, и првиот WTF крај. Пак имаше еден куп хинтови за ликовите - за Мајкл, Волт, Саид, Соер (писмото) итн. А за Лок, сигурно му кажа на Волт нешто за својот претходен живот, може не баш дека бил инвалид, туку дека Островот некако го променил. А она со играта и двете страни на крајот изгледа ќе испадне целата поента на серијата.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeВто Јун 23, 2009 6:59 am

Sawyer^^ напиша:
А она со играта и двете страни на крајот изгледа ќе испадне целата поента на серијата.
Во право си за ова...иако не би рекол дека тоа е вистинската поента. Мислам дека Островот на крајот ќе сфатиме дека бил ПОЕНТАТА, а оваа борбава само ќе ни го покаже тоа. Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeВто Јун 23, 2009 3:16 pm

Јас мислам дека поентата ќе испадне дека најважно било островот да ги промени луѓето. На пример тука е тоа со доброто и злото, а островот е само посредник меѓу нив две, оти нели е посебен, а ова со луѓево ми доаѓа како најлогично, зошто виодвме какви РАДИКАЛНИ промени им се случија на ликовите.

И сега ми текна една теорија, во врска со прашањето...кога Џејкоб вели: Тие доаѓаат!. Да не мисли на целата Египетска цивилизација, или на било што ама поголема група на луѓе, зошто ако е само ние како што сипредвидуваме Летот 815 или Д блек рок би било глупо!

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeВто Јун 23, 2009 8:36 pm

LostyFox напиша:
Јас мислам дека поентата ќе испадне дека најважно било островот да ги промени луѓето. На пример тука е тоа со доброто и злото, а островот е само посредник меѓу нив две, оти нели е посебен, а ова со луѓево ми доаѓа како најлогично, зошто виодвме какви РАДИКАЛНИ промени им се случија на ликовите.

И сега ми текна една теорија, во врска со прашањето...кога Џејкоб вели: Тие доаѓаат!. Да не мисли на целата Египетска цивилизација, или на било што ама поголема група на луѓе, зошто ако е само ние како што сипредвидуваме Летот 815 или Д блек рок би било глупо!

Намасте

До некаде си во право. Сигурно со причина се случија сите оние промени кај ликовите. Сепак, приказната во последната сезона веројатно ќе се врти околу таа борба меѓу црното и белото. Нема да ме чуди и ако некои од главните ликови застанат на едната, а други на другата страна. А за она „тие доаѓаат“ мислам дека се однесува на преживеаните што беа во 1977, дека ќе се префрлат во 2008.
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitimeВто Јун 23, 2009 11:34 pm

Sawyer^^ напиша:
До некаде си во право. Сигурно со причина се случија сите оние промени кај ликовите. Сепак, приказната во последната сезона веројатно ќе се врти околу таа борба меѓу црното и белото. Нема да ме чуди и ако некои од главните ликови застанат на едната, а други на другата страна. А за она „тие доаѓаат“ мислам дека се однесува на преживеаните што беа во 1977, дека ќе се префрлат во 2008.

Со причина ги сменија карактерите на ликовите соцел едните после да застанат како што велиш на страната на белото други на страната на црното. [За она со тие доаѓаат]Ако мислиш дека е хинт, можеби...ама што знам...можеби е за нив оти тоа е важно, ама јас се си мислам дека ќе биде поголема група на луѓеSmile

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Pilot, part 2 (1x02) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Pilot, part 2 (1x02)   Pilot, part 2 (1x02) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Pilot, part 2 (1x02)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Pilot, part 1 (1x01)
» Exodus, part 1&2 (1x23/24)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: