Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Exodus, part 1&2 (1x23/24)

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeВто Aвг 11, 2009 4:53 pm

Exodus (на македонски: „Егзодус“) е епизода поделена во два дела распределени во три часа кои заедно, како целина, го претставуваат финалето на првата сезона од Изгубени. Ова е првата мулти-центрична епизода по вториот дел на Пилотот. Премиерата на првиот дел од Егзодус се случила на 18. мај, а една недела подоцна, на 25. мај се прикажал и вториот дел.

Русо пристига во кампот со предупредување дека Другите доаѓаат, што значи дека сите се во опасност. За да ја заштити групата, Русо го води Џек заедно со неговиот тим на преживеани до Црната Карпа, каде што има динамит. Џек се надева дека со помош на динамитот тие ќе можат да ја отворат вратата на окното, за подоцна да се скријат внатре се до моментот во кој опасноста од можен напад ќе ја снема. Назад во кампот, преживеаните го подготвуваат сплавот за тргнување.

Вториот дел продолжува исто како и првиот, со флешбеци кои прикажуваат поголем број на карактери во Сиднеј пред истите да влезат во нивниот авион кој подоцна ќе биде осуден на пропаст. Откако групата на Џек ќе го открие динамитот, истата ќе мора да се соочи со тешката задача за враќање на непостојаната супстанца до окното. Во меѓувреме, Чарли и Саид ја започнуваат мисијата за спасување на Арон, откако Даниел ќе го киднапира бебето од Клер.
Exodus, part 1&2 (1x23/24) 1X24-JohnJackHatch
Што ми се допадна?
Неверојатна епизода. Си ги повлекувам зборовите дека ова финале беше најнеквалитетно досега. Напротив! Егзодус изобилуваше со незаборавни моменти во секој момент, почнувајќи од флешбекот, па се’ до отворањето на окното и спасувањето на Арон. Ако сценаристите се одлучеа да ни прикажат што има во самото окно, тогаш верувам дека сите ќе се согласевме оти нема подобро финале, а ако не и епизода, од овие три часови на Exodus. Вака, останува непроменет фактот дека финалето на првата сезона сепак, претставува сетап за втората сезона, која впрочем целосно ќе биде посветена на самото окно (Лебедот).

Што забележав?
- Повторно дождот ми создава главоболки! Но, овојпат, мислам дека теоријата ми е точна... Имено, кога Џек, Русо и другите ќе навлезат во т.н. „Црна територија“ одеднаш ќе започне да врне дожд. По неколку минути Ар(н)цт ќе го забележи Чудовиштето и ќе почне да бега, откако претходно ќе одлучи да се врати во кампот. Не, ова не е воопшто сомнително, дождот е секако природна појава, но сомнително е што БАШ и САМО во овој дел на Островот паѓаше дожд, додека пак, на пример на плажата - грееше Сонце. Што се однесува до мене, сметам дека ова не е грешка на сценаристите, бидејќи ако е, тогаш е огромна и со тоа самата екипа која стои зад Изгубени би требала да се самоубие (не е возможно никој да не забележи толкава грешка!). Сигурно ова има врска со Чудовиштето. Некои претходно велеа дека кога тоа ќе се појави, одеднаш започнува да врне. Мора да е тоа случајот, бидејќи слична ситуација имаше и во "Left Behind" кога Кејт и Џулиет бегаат од него...

- Патем, после повторново гледање на епизодава, сигурен сум дека Русо го имаше запалено огнот, бидејќи сличен оган како сигнал за помош таа имаше запалено и во "This Place is Death" токму на денот на кој го уби својот маж, Монтанд...

- Исто така, ми се допадна коментарот на Сан во врска со судбината, која, демек ги казнува за нивните сторени злодела од претходно. Неколку сезони подоцна, ми се чини дека истиот има смисла...и плус, замислата на Џ.Џ. Абрамс (еден од креаторите на Lost) била Островот да биде претставен како карактер! (читни тука во врска со ова) Се надевам дека во иднина ќе ми текне некоја асална теорија поврзана со цитатов на Сан.

Моменти за паметење:
- првото појавување на Ана Лусија, во флешбекот на Џек...иронично е како по неколку епизоди ќе дознаеме дека и двајцата се лидери на своите групи на Островот. What a Face
- откривањето на Црната Карпа. Еден од најшокирачките моменти во епизодата.
- смирувањето помеѓу Џин и Сан.
- флешбекот на Харли, кој, барем на мене ми го разубави денот. Laughing
- сцената во која динамитот ќе го дигне во воздух Арцт. Интересно е што типот дојде со групата бидејќи се грижеше на некој да не му се случи тоа што на крајот на него му се случи. Rolling Eyes
- киднапирањето на Арон од страна на Русо, кое на крајот ќе заврши без никакви последици, откако Чарли и Саид ќе успеат да и го вратат бебето на Клер.
- појавувањето на Чудовиштето кое овој пат нема да го штеди Лок.
- разговорот помеѓу Лок и Џек во врска со судбината. Нивните несогласувања кога е во прашање оваа тема ќе кулминираат во втората сезона...
- конечното отворање на окното.
- како за крај, вредни за спомнување се и двата музички краја изработени од Мајкл Гјачино. Кој сака да се изнаужива, нека ги погледне тука и тука...

Интересни факти:
- валидноста на приказната на Русо нема да биде откриена се до петтата сезона, во епизодите "The Little Prince", "This Place is Death" и "Dead is Dead".
- во оваа епизода, Бун се појавува за првпат по неговото погребување, нормално - во флешбек...
- финалето на првата сезона е единственото, заедно со финалето на петтата сезона, кое завршува на Островот. Финалето на втората сезона завршува некаде на Антарктикот, а финалињата на третата и четвртата сезона завршуваат со флеш-форвард.
- за европските и австралиските маркети, вториот дел на финалето кој трае 80 минути (без реклами) бил поделен во два дела (1х24 и 1x25) па на тој начин во некои држави (меѓу кои спаѓа и нашата, Македонија) самото финале било прикажано како триделно (Exodus, дел први - 1x23, дел втори - 1x24 и дел трети - 1x25).
- птицата која ќе полета пред да се појави Чудовиштето ќе направи чуден звук кој многу потсетува на името на Харли. Ова е истата птица која ќе ја видиме и во "Live Together, Die Alone".
- ова е првата епизода во која го гледаме Том.
- на аеродромот, Мајкл зборува со својата мајка. Како и да е, неа за првпат ја гледаме дури во четвртата сезона, во Мајкл-центричната "Meet Kevin Johnson".

Цитати: бидејќи се премногу, види ги тука...

Прашања за дискусија
- Кое финале беше подобро:
Exodus или Live Together, Die Alone?
Exodus или Through the Looking Glass?
Exodus или There's No Place Like Home?
Exodus или The Incident?
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
- Дали забележавте нешто необично?
- Дали имате теорија во врска со:
1) Црната Карпа и нејзината чудна местолокација?
2) Чудовиштето кое овојпат не го поштедува Лок?
3) Чадот?
4) Птицата која ќе го извика името на Харли?
- Кој ви е омилен цитат?
- Како би ја оцениле епизодата според трите критериуми:
1) Флешбек;
2) Приказна;
3) Митологија?

Мој рејтинг
Дел први:
Приказна (на Островот): 9
Митологија: 8
Флешбек: 8.5

Оцена: 8.50

Дел втори:
Приказна (на Островот): 9.5
Митологија: 10
Флешбек: 10

Оцена: 9.80
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Steff
Преживеан
Преживеан
Steff


Male
Број на мислења : 68
Age : 34
Местолокација : The Swan, The Island
Работа/Хоби : entering the numbers / playing table tennis
Хумор : anytime =)
Registration date : 2009-01-19

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeВто Aвг 11, 2009 5:19 pm

па супер епизода.. додуша финале е.. мора да биде супер..
се ми се свиѓаше освен приказната кога Русо го краде бебето и одма после овие го наоѓаат и всушност ништо се нема случено, само имаат попунето место во финалето..

Прашања за дискусија
- Кое финале беше подобро:
Exodus или Live Together, Die Alone? (апсолутно најдобро)
Exodus или Through the Looking Glass? (најВТФ момент во која било серија)
Exodus или There's No Place Like Home? (ова од 4та сезона ама ИЧ не ми се свиѓа)
Exodus или The Incident? не знам.. тешко прашање.. ај ќе го ставам Инцидент.. заради првата сцена со Џејкоб, последната со Џејкоб и клифхенгерот што уште не држи во неизвезност.. иако и првава сезона одлично заврши

- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
ееее!
кога Соер (цепајќи дрва) му кажува на Џек дека го има сретнато татко му и дека овој сакал да му каже дека е подобар и све тоа... се наежив и сега кога ја гледав, а ја иам глеано преку 5 пати
исто ВТФ сцени се киднапирањето на Волт и крајот ака што има во окното?

- Дали забележавте нешто необично?
забележав дека Русо кога го зема Арон им кажува на нашиве дека ги чула Другите како викаат дека ќе го земат момчето.. и после Другите сепак го земаат момчето, но не Арон, туку Волт..

- Дали имате теорија во врска со:
1) Црната Карпа и нејзината чудна местолокација?
да
2) Чудовиштето кое овојпат не го поштедува Лок?
да
3) Чадот?
да
4) Птицата која ќе го извика името на Харли?
не

се зезам =)) еве на кратко:
1) па добро.. очигледно е стаено таму за по не знам кој пат да не увери дека Островов не е со сите =)) (добар беше и коментарот на Русо) =)) имав теорија дека со спејс/тајм травелов Островот ќе „никне“ од под вода баш на местото каде што ќе плови Блек Рок, ама заврши тајм травелот и не видовме таква сцена....
2) епа сега во Чудовиштето не беше „добрата сила“, туку онаа „лошата“.. ама Лок мислеше дека пак ќе биде онаа која што ја виде на почеток на сезонава и затоа своеволно идеше натака
3) па нема што да се теоретизира.. Русо го постави за да ги заплаши нашиве и да проба да го трејдува Арон за Алекс
4) штознам.. можда имале замислено некоја интересна приказна за нејзе.. плус се појави и во финалето на 2ра сезона.. а тогаш и Харли искоментира дека го кажала неговото име.. ама сепак мислам дека нема да искочи ништо битно, а мислам дека и Дарлтон така рекоа во едно интервју

- Кој ви е омилен цитат?
Hurley: You've got some Arnzt on you. =)))))))))))
Вратете се на почетокот Go down
http://www.tra4.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeСре Aвг 12, 2009 7:58 pm

Steff напиша:
па супер епизода.. додуша финале е.. мора да биде супер..
се ми се свиѓаше освен приказната кога Русо го краде бебето и одма после овие го наоѓаат и всушност ништо се нема случено, само имаат попунето место во финалето..
Е не би се согласил за ова со Русо, мене баш ми беше интересен тој дел од епизодата! Very Happy
Цитат :
Прашања за дискусија
- Кое финале беше подобро:
Exodus или Live Together, Die Alone? (апсолутно најдобро)
Exodus или Through the Looking Glass? (најВТФ момент во која било серија)
Exodus или There's No Place Like Home? (ова од 4та сезона ама ИЧ не ми се свиѓа)
Exodus или The Incident? не знам.. тешко прашање.. ај ќе го ставам Инцидент.. заради првата сцена со Џејкоб, последната со Џејкоб и клифхенгерот што уште не држи во неизвезност.. иако и првава сезона одлично заврши
Исто и кај мене! =)))
Цитат :
- Која е вашата омилена сцена од епизодата?
ееее!
кога Соер (цепајќи дрва) му кажува на Џек дека го има сретнато татко му и дека овој сакал да му каже дека е подобар и све тоа... се наежив и сега кога ја гледав, а ја иам глеано преку 5 пати
исто ВТФ сцени се киднапирањето на Волт и крајот ака што има во окното?
Јас би ја додал и сцената во која е разговорот помеѓу Џек и Лок и после кога Џек ќе и каже на Кејт дека откако ќе го отворат окното ќе имаат проблем со Лок... Wink И плус онаа сцена со ФБ-то на Харли, ептен луда беше. Laughing
Цитат :
- Дали забележавте нешто необично?
забележав дека Русо кога го зема Арон им кажува на нашиве дека ги чула Другите како викаат дека ќе го земат момчето.. и после Другите сепак го земаат момчето, но не Арон, туку Волт..
Аха, всушност на него и мислеле они. Smile
Цитат :
1) па добро.. очигледно е стаено таму за по не знам кој пат да не увери дека Островов не е со сите =)) (добар беше и коментарот на Русо) =)) имав теорија дека со спејс/тајм травелов Островот ќе „никне“ од под вода баш на местото каде што ќе плови Блек Рок, ама заврши тајм травелот и не видовме таква сцена....
Јака теорија со никнувањево! =))))))
Цитат :
2) епа сега во Чудовиштето не беше „добрата сила“, туку онаа „лошата“.. ама Лок мислеше дека пак ќе биде онаа која што ја виде на почеток на сезонава и затоа своеволно идеше натака
И јас така мислам, во Walkabout Чудовиштето веројатно било контролирано од Џејкоб, а сега од Мен ин Блек и затоа овој пат беше подивено. Rolling Eyes Very Happy
Цитат :
3) па нема што да се теоретизира.. Русо го постави за да ги заплаши нашиве и да проба да го трејдува Арон за Алекс
Ај гес. Razz
Цитат :
4) штознам.. можда имале замислено некоја интересна приказна за нејзе.. плус се појави и во финалето на 2ра сезона.. а тогаш и Харли искоментира дека го кажала неговото име.. ама сепак мислам дека нема да искочи ништо битно, а мислам дека и Дарлтон така рекоа во едно интервју
Е стварно не се фер, баш сакам да знам што е фората!!! А можда и намерно правеле така, за да се дига фама. confused

Цитат :
- Кој ви е омилен цитат?
Hurley: You've got some Arnzt on you. =)))))))))))
ДЕФИНИТИВНО!!! Laughing
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeПон Aвг 24, 2009 8:47 pm

Конечно го изгледав финалето!! Супер епизода, навистина одличен крај на првата сезона. Беше ептен интересно да се гледа што ќе се случи и со Арон, и со хечот, и со сплавот.

Првиот дел повеќе беше сетап за парт 2. Најзначајно за спомнување е разговорот помеѓу Соер и Џек за Кристијан, и секако, отривањето на Блек рок и Темната територија. Ова со дождот беше многу чудно, навистина може да е поврзано со Смоуки.

Најинтересно беше да се следи групата со динамитот. Моментот кога Арцт летна во воздух беше ем неочекуван, ем по малку и комичен, зашто типот се правеше дека најмногу знае. Smile Потоа беше многу напнато за тоа дали ќе успеат да го пренесат, а плус шлаг на торта беше кога Чудовиштето го нападна Лок. На крајот не оставија со подзината уста, кога не ни покажаа што е во хечот. (Исто како што сега не ни покажаа дали ќе има ресетирање). Smile Легендарен беше и разговорот меѓу Џек и Лок, за првпат ги спомнаа термините „човек од наука“ и „човек од верба“.

Грабнувањето на Арон од Русо на крај излезе не толку важно, и се заврши среќно. Многу закон сцена беше раната на Чарли и начинот на кој Саид набрзина му ја соши. Smile

Првпат кога ја гледав, многу ми беше неизвесно што ќе се случи со сплавот. Уште тогаш некако цело време предосеќавдека нешто ќе тргне наопаку. Грабнувањето на Волт и тогаш и сега ми беше една од најпотресните сцени. Интересно, за првпат кога ја гледав бев во мала заблуда. Тогаш уште не знаевме дали Другите постојат, па мислев дека луѓето што го грабнаа Волт се некои трговци со луѓе. Како и да е, поради тоа Том отсекогаш ми беше омразен лик, и кога го убија, ми беше ептен мило. Twisted Evil

Флешбеците беа интересни, а најдобар беше оној на Харли, навистина многу забавни сцени беа. Smile Разбравме и дека Џин е уценет, зошто Соер беше во полиција (нели претходно го видовме во фелшбекот на Бун, ама не знаевме зошто е уапсен), а сцената со скршениот Лок во количка беше доста тажна.

Инаку, за коментарот на Сан, ја „подгреа маста“ за теоријата што тогаш се вртеше. дека Островот е Чистилиште. За среќа, разбиена е веќе таа теорија.

Многу долг пост испадна ова ама ај да пишам и за теорииве:
1) Црната Карпа и нејзината чудна местолокација?
Знаеме дека Џејкоб некако го доведе бродот на Островот, но навистина не знам како и зошто се наоѓа во сред џунгла. Можеби некако Островот се поместил баш во моментот кога поминувале крај него, па настанала ваква збрка.

2) Чудовиштето кое овојпат не го поштедува Лок?
Јас пак ќе се држам до теоријата дека Чудовиштето е контролирано од Флок, ако не е тој самиот Смоуки. Во Walkabout мислам дека му се појави за да му „стави“ на Лок во главата дека е посебен, како дел од планот да го убие Џејкоб. Сепак, сега можеби некако сакаше да се ослободи од Лок, и уште пред Џејкоб да може да стапи во контакт со Изгубените, да ги елиминира еден по еден. Значи, сметам дека Лок не беше во право, Чудовиштето навистина сакаше да го убие, и добро што динамитот го спаси.

3) Чадот?
Па, мислам дека го запали Русо, нема сомнение во тоа.

4) Птицата која ќе го извика името на Харли?
Морничаво беше, го вратив неколку пати сега да чујам, и да, доста сум сигурен дека навистина викна: „Харли“ и тоа двапати - кога се појави првпат, и се слушна и кога бегаа од Чудовиштето. Изгледа Флок сакаше да го преплаши Хуго.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeПон Aвг 24, 2009 8:55 pm

Одличен коментар Соер, впечатоците ни се речиси идентични, а за финалево и да не сакаш ќе се изнапишеш многу - едноставно е предобро за да штедиш на зборови! Wink

Единствено не се согласувам со твоите теории во контекст на второто и четвртото прашање од темава. Според мене не е возможно секоја теорија да започнува и завршува со Флок и Џејкоб, па од таа причина ова што си го напишал за птицата нема да го признаам како валидно, иако, во моментов не ни постои некакво друго објаснување. Smile Но, сепак, подобро да го оставата овој детал необјаснет (колку да си правиме теории по завршувањето на LOST), отколку да ни дадат таков очекуван и по малку дебилен одговор. Wink

Во врска со твојата теорија на второто прашање, одамна знаеш кое ми е мислењето, па сметам дека не е потребно пак да пишувам. Smile

Поздрав.

П.С. Мислиш да продолжиш со ривочов во вторава сезона или нема да имаш време? Sad
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitimeВто Aвг 25, 2009 2:08 am

Да, ќе продолжам со ривочов, само овие недела или две ќе немам многу време, па веројатно ќе одам побавно со епизодите. Ама, кога веќе почнав со првата сезона сакам да продолжам повторно да ги гледам епизодите.

За теориите, во врска со Лок, си ја изградив некако таа моја теорија, па сега гледам во секоја ваква сцена да најдам нешто што ќе го поврзам со таа теорија. А да е се точно, и не очекувам. Very Happy Исто за птицата, мислам дека тоа нема да биде одговорено, па ете само тоа со Флок ми текна како некое решение. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Exodus, part 1&2 (1x23/24) Empty
ПишувањеПредмет: Re: Exodus, part 1&2 (1x23/24)   Exodus, part 1&2 (1x23/24) I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Exodus, part 1&2 (1x23/24)
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Pilot, part 1 (1x01)
» Pilot, part 2 (1x02)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Малите дебати на големите мозоци :: Re-watch (повторно гледање)-
Отиди до: