Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Почеток на шеста сезона Пет Јун 12, 2009 5:30 pm | |
| Оваа теорија ми текна пред само неколку денови и верувам дека има голема можност во јануари да ја видиме и на малите екрани, уште на самиот почеток на шестата сезона на Изгубени. Ова е само мое мислење за начинот на кој ќе почне идната и последна шеста сезона. Досега, барем од тоа што имав прочитано на различни веб-сајтови, никој не напишал слично нешто.Најпрвин, мало потсетување! Пред само две години сценаристите ја напишаа извонредно шокирачката епизода "Flashes Before Your Eyes", која со текот на времето покажа дека не само што е важна во понатамошниот развој на серијата, туку е и показател оти луѓето во екипата на Lost знаеле уште толку рано во која насока ќе тераат понатаму. Тоа, секако, се покажа уште во самиот почеток на оваа сезона, кога го воведоа чудото наречено „патување низ времето“. Шокот беше голем за сите фанови на Изгубени, бидејќи серијата и без овие флешови е тешка за разбирање и следење, а не па со нив! Но, истовремено, ваквиот чекор сите ние потсвесно го очекувавме, бидејќи претходно се беа случиле две епизоди (и двете Дезмонд-центрични!) кои го навестија тоа: едната е претходно споменатата - Flashes Before Your Eyes, а другата - The Constant. Според квалитетот, секако дека втората беше доста подобра, но ако погледнеме на другата страна на нештата, онаа суштинската, првата ни претстави многу важни фигури (Хокинг) и елементи (патувањето низ времето, што се случило - се случило теоријата...) кои отсекогаш биле дел од Изгубени, иако ние не сме биле свесни за тоа! Но, можеби епизодава крие и нешто друго во себе? Се сеќавате на имплозијата на окното?Секако дека се сеќавате. Сигурно се сеќавате и кој го сврте сигурносниот клуч. Дезмонд!!! И како заврши? Патувајќи низ времето со својот разум и барајќи начин за да се врати во своето време. Бинго! Со оглед на тоа што катастрофалниот настан кој Пјер Ченг го опишува во Ориентационото видео, мора да бил доста поголем од оној кој ние го видовме во овогодинешното финале (барем според звукот кој го слушнавме по детонирањето на Jughead), многу е возможно нашите Изгубени пријателчиња да се најдат во некој рандом период од нивното минато (како резултат на слична имплозија, секако). Важно е да напоменам дека сите преживеани ќе се најдат во ист период од минатото, сеќавајќи се на минатите настани, но не знаејќи што следно да превземат... Се додека не се сретнат повторно со Хокинг, која ќе ги пронајде со цел да ги врати назад таму каде што и припаѓаат - на Островот во 2007та година. Теоријава ми се вртеше во главава постојано, па затоа се решив и да ја напишам. Секако, има и други детали кои не ги запишав, но за повеќе се надевам во текот на летово или пред почетокот на идната сезона. За крај следува мал спојлер, па ако не сакате да го дознаете, скролајте малку подоле за да напишете коментар. - Spoiler:
Метју Фокс во едно интервју на Монте Карло фестивалот изјавил дека првите неколку минути од премиерата на последната сезона ќе бидат истовремено шокирачки и изненадувачки, но како и да е, ќе потврдат што навистина се случило по експлозијата на бомбата! Не знам за вас, но пошокирачки вовед во една сезона од овој, не би ми текнал... Што мислите, дали е возможен ваков заплет?! | |
|
Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Пет Јун 12, 2009 9:22 pm | |
| јас мислам дека тука има две опции и сите ги знаеме кој се тие... | |
|
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Пет Јун 12, 2009 10:41 pm | |
| Jaс повеќе нема да мислам што, како ќе се случува туку ќе си чекам 2010 да дојде! Намасте | |
|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Пон Јун 29, 2009 2:39 pm | |
| Па добро, ама не би било лошо и малце да теоретизираме...или не... =)) | |
|
maestro Модератор
Број на мислења : 248 Age : 30 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Пон Јун 29, 2009 4:25 pm | |
| Глупо е да претпоставуваме, поубаво е да чекамеее. =)) | |
|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Пон Јун 29, 2009 8:26 pm | |
| - maestro напиша:
- Глупо е да претпоставуваме, поубаво е да чекамеее. =))
Многу има за чекање. | |
|
LostyFox Супер модератор
Број на мислења : 2272 Age : 33 Местолокација : On the misterious island Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но..... Хумор : Многу има за кажување :D Registration date : 2009-01-24
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Вто Јун 30, 2009 3:46 pm | |
| Епа сега.... Намасте | |
|
antidnevnik Преживеан
Број на мислења : 96 Age : 48 Местолокација : Skopje Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона Сре Jул 01, 2009 10:37 am | |
| Го делам твоето мислење Лости. Само Ричард веројатно претпоставува дека сите се изгинати од бомбата, зошто тој иако е постојано присутен на и вон островот, некои работи не му се јасни.Тој само извршува задачи и наредби. (Или пак нам така ни се чини?) Факт1: Окното е сепак изградено, а Ченг се јавува на предупредувачките снимки, што значи дека тој не загинал во експлозијата, туку бил пренесен:или на некоја друга локација на островот, или во некое друго време. Повеќе веројатно ова првово. Во шестата сезона, голем акцент ќе има има токму оваа станица, механизмот со бројките и Дезмонд. А нашите пријателчиња секако дека нема да умрат од експлозијата туку ќе бидат префрлени некаде низ временската линија. Можна е повторна поделба и групирање на ликовите според временски период. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Почеток на шеста сезона | |
| |
|