Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Шарлот ќе умре?!! Пет Јан 16, 2009 10:58 pm | |
| Нешто чудно се случува деновиве. И покрај тоа што пред неколку месеци добивме информација дека повеќето мистерии за Шарлот ќе бидат одговорени, последното нешто кое излезе низ јавноста за нејзиниот карактер е ПОВЕЌЕ од НЕГАТИВНА вест.
Аусиело од Entertainment Weekly беше пред неколу денови прашан дали некој важен карактер ќе умре, на што денеска одговорил дека сè што знае е дека „еден женски лик нема да остане долго на светов.“ Тој исто така потврдил дека жената која го игра овој карактер има потпишано договор со некоја компанија за нов Холивудски филм, и дека по сè што досега видел од серијата - нејзината иднина во Lost не изгледа најдобро.
Знаејќи дека Ребека Мадер (актерката која ја игра улогата на Шарлот) пред неколку месеци потпиша договор со режисерот Грент Хеслов за учевство во филмот „Луѓето кои се ѕверат во кози“ (во кој пак ќе го видиме и Џорџ Клуни!) не би се зачудил токму таа да го напушти шоуто. Иако, дефинитивно не би сакал тоа да се случи!
За спомнување е и крвта од носот на Шарлот која ја видовме во речиси сите нови трејлери за петтата сезона...
Па, дали уверувањето дека „потпишаниот договор со Грент нема да влијае врз улогата на Ребека во серијата“ е неточно, или точно - верувам дека набрзо ќе дознаеме. Во меѓувреме, што мислите вие за овој развој на настаните?! | |
|
antidnevnik Преживеан
Број на мислења : 96 Age : 48 Местолокација : Skopje Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Шарлот ќе умре?!! Вто Јан 20, 2009 9:06 pm | |
| Ова беше Шарлотата од А1 Како ли можеа? Навистина има интересен лик во серијата, и би ми било жал доколку ја напушти. А има толку многу мистерии испреплетено околу неа... | |
|
Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Шарлот ќе умре?!! Сре Јан 21, 2009 2:09 am | |
| Да се надеваме дека нема да ја напушти...само тоа можеме. =))) | |
|
antidnevnik Преживеан
Број на мислења : 96 Age : 48 Местолокација : Skopje Registration date : 2009-01-20
| Предмет: Re: Шарлот ќе умре?!! Пон Фед 16, 2009 4:29 pm | |
| И навистина умре...... Но на островот се’ е можно......еден ден ќе ја оживеат! | |
|
Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Шарлот ќе умре?!! Вто Фед 17, 2009 3:51 am | |
| Отиде јабана девојчето. Ама барем се разјасни колку-толку нејзината приказна. А ништо чудно да ја видиме пак, барем низ патувањето низ времето. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: Шарлот ќе умре?!! | |
| |
|