Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Лига на шампиони 2009/10

Go down 
+2
Darvel
Losteech
6 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 1:19 am

Извештај

Заврши петтото коло од Лигата на Шампионите... Резултатите

Цитат :
E Дебрецен - Ливерпул 0:1 (Н’Гог 4’)
Фиорентина - Лион 1:0 (Варгас 28’)

Состојбата во групата:

'E'
Цитат :
Фиорентина (12)
Лион (10)
Ливерпул (7)
Дебрецин (0)

Во последното коло Ливерпул ја пречекува Фиорентина на домашен терен а Лион дома игра против Дебрецин, што значи дека дури и ако Ливерпул победи, второто место му е недостапно... Сепак, како што кажа некој... You'll never walk alone in Europa League... Very Happy

Цитат :
F Барселона - Интер 2:0 (Пике 10’; Педро 26’)
F Динамо Рубин 0:0

Состојба во групата:

'F'
Цитат :
Барселона (8 )
Интер (6)
Рубин (6)
Динамо (5)

Во последното коло, за среќа за Барселона, Интер и Рубин играат меѓусебе, што значи дека сигурно оди понатаму (освен ако не загуби од Динамо со 3:0), а друштво ќе им прави победникот од натпреварот во Милано... Што значи буквално најважниот натпревар од сезоната на Жозе Мутавио.

Цитат :
G Рејнџерс - Штутгарт 0:2 (Руди 16’; Кузманович 59’)
G Униреа - Севиља 1:0 (Драгутинович 45’аг)

Состојба во групата

'G'
Цитат :
Севиља (10)
Униреа (8 )
Штутгарт (6)
Рејнџерс (2)

Во последното коло Севиља ги пречекува Рејнџерс во натпревар кој нема да промени апсолутно ништо... Освен можеба дали Шкотите ќе задржат дел од своето достоинство... Во Штутгарт, Униреа ќе се обиде да помине во елиминационата фаза, што значи дека ќе мораат да извадат барем еден поен... Јас лично, искрено се надевам дека ќе им успее...

Цитат :
H АЗ Алкмар - Олимпијакос 0:0
H Арсенал - Стандард 2:0 (Насри 35’; Денилсон 45+’)

Состојбата во групата:

'H'
Цитат :
Арсенал (13)
Олимпијакос (7)
Стандард (4)
АЗ Алкмар (3)

Во последното коло, Арсенал патува кај гадните, а Стандард дома игра против АЗ Алкмар. Значи дека Стандард со победа против АЗ Алкмар, и победа на Арсенал во Атина мое да продолжи понатаму и да ги исфрли педерите од конкуренција...

Знам дека ова е скратен преглед на резултатите, но немам што повеќе да кажам освен тоа дека австрискиот судија во Лондон не досуди два чисти пенали... Прво еден за Арсенал, а потоа и еден за Стандард...
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 1:54 am

мене баш ми е жал за ливерпул, како неутрален гледач(со симпатии накај Јуве Smile )
никогаш нема да биде исто со и без ливерпул, но што е ту је
и една поправка, мислам дека Динамо и со победа од 2-0 може да оди понатаму, бидејќи +/- разликата ќе им биде иста, а и претходниот наппревар меѓу нив беше 2-0 така ќе одлучува некој трет закон, ме мрзи сега да ги читам...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 1:58 am

https://www.youtube.com/watch?v=mKV5oTFXzhE
eдно клипче само за дарвел Smile
гледај го! lol!
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 2:14 am

Барса си ја покажа силата, не му дадоа на Интер да игра фудбал, а камоли да даде гол. Razz Убаво ги негираа сите што викаа дека ќе бил наместен меч, па ќе завршел 0:0.... Сега комотно можат да одиграат нерешено во Киев и завршена работа. Интер сепак очекувам да тепа со Рубин, па на крај фаворитите ќе продолжат понатаму.

За Ливерпул, воопшто не ми е криво што испаднаа, Фиорентина оваа сезона одигра 10 пати подобро од нив. Џабе се занесуваше Бенитез дека ќе продолжеле натаму. Smile

Униреа ме изненади, иако ептен на среќа победија со Севиља (по прегледот што го гледав). Се надевам и јас дека нема да загубат во последното коло, ама Штутгарт дома е голем фаворит.

За група Х, баш сакам да ги зафркнат Грчиштата, иако сепак се мали шансите за тоа....
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 3:05 am

Mики... Фазата по групи е како природна селекција, ако те бива - продолжуваш понатаму, ако не ќе те изеде лавот...

Така што, ама ни грам жал не заслужуваат Ливерпул, и верувај ми, поинтересно ќе биде без нив...

За Динамо, во ЛШ не се гледа гол разлика, во ЛШ редоследот е:

1-поени; 2-меѓусебен дуел; 3-гол разлика...

Со победа од 3:0 Динамо сигурно оди понатаму... Very Happy

Видеото го имам гледано... Баш е закон...

Соер, Арсенал ќе си го заврши својот дел во Атина... Сè зависи од Стандард... Rolling Eyes
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 5:11 pm

да а со 2-0 кој оди понатаму?
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Ное 25, 2009 8:47 pm

Во право си бил... Доколку тепа 2:0 Динамо оди понатаму... Моја грешка... Rolling Eyes Smile
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Ное 26, 2009 1:41 am

Извештај

Заврши втората половина од петтото коло... Резултати:

Цитат :
А Баерн - Макаби 1:0 (Олич 62’)
А Бордо - Јувентус 2:0 (Фернандо 54’; Чамак 90’)

Состојба во групата:

'А'
Цитат :
Бордо (13)
Јувентус (8 )
Баерн (7)
Макаби (0)

Во последното коло Бордо ќе одмара, французите буквално можат да не отидат во Хаифа, и никому ништо. Баерн Минхен на Алијанц ќе го пречекува Јувентус во натревар кој директно ќе решава кој ќе оди во последните 16, а кој му прави друштво на Ливерпул во Лига Еуропа...

Цитат :
В ЦСКА - Волфсбург 2:1 (Нецид 58’; Красич 66’ - Џеко 19’)
В Манчестер - Бешикташ 0:1 (Родриго 20’)

Состојбата во групата:

'B'
Цитат :
Манчестер (10)
Волфсбург (7)
ЦСКА (7)
Бешикташ (4)

Во последното коло Манчестер оди на гости кај Волфсбург, каде што еден поен ќе му го обезбеди местото во последните 16. Но ако Манчестер загуби од Волфсбург со два разлика, и истовремено ЦСКА на гости кај Бешикташ победи со четири или повеќе разлика Манчестер ќе им прават друштво на Ливерпул... (знам дека е само теоретски возможно, но мене ми е работа да ги разгледам сите опции...

Цитат :
С Милан - Олимпик Марсеј 1:1 (Бориело 10’ - Лучо 16’)
С Реал Мадрид - Цирих 1:0 (Игуаин 22’)

Состојбата во групата:

'C'
Цитат :
Реал Мадрид (10)
Милан (8 )
Марсеј (7)
Цирих (3)

Во последното коло и нема да има многу возбуда, Марсеј дури и ако го победи Реал Мадрид на Велодром, ќе мора да чека од Цирих за да може да се пласира во последните 16, но со оглед на тоа што Цирих победи на гостувањето на Сан Сиро, сепак може и да не е невозможно...

Цитат :
D Порто - Челзи 0:1 (Анелка 69’)
D АПОЕЛ - Атлетико Мадрид 1:1 (Миросављевич 5’ - Симао 62’)

Состојбата во групата:

'D'
Цитат :
Челзи (13)
Порто (9)
Атлетико (3)
АПОЕЛ (2)

Во последното коло нема да има ама никаков интерес да се следат овие две натпревари... Челзи игра дома со АПОЕЛ, Атлетико дома со Порто, ништо интересно... Evil or Very Mad

И за крај, една молба до Канал 5... Ве молам на момент заборавете за кој тим навивате, и пуштете ги овие два натпревари:

Вторник: Баерн - Јувентус
Среда: Интер - Рубин

Причината поради која треба да се пуштаат овие два натпревари е мотивацијата... Овие два натпревари се директни дуели кои ќе решаваат кој ќе оди во последните 16, а кој во Лига Еуропа...

Ве молам, немојте повторно да ги пуштате Барселона и Реал Мадрид... Rolling Eyes Shocked
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeПет Ное 27, 2009 7:15 pm

Со два дена задоцнување, да прокоментирам за мечевите во средата:

Добро е што Бордо го победи Јуве, не за друго, барем интересно ќе биде дербито Јуве-Баерн. Сепак типувам дека Јувентус ќе оди натаму, пошто тешко Германците да победат во Италија. Smile

Во група Б Манчестер е сто посто сигурен уште од она коло, затоа играа со комбиниран тим со Бешикташ. И да имаат трите екипи по 10 бода, ќе се направи мини група, без бодовите против Бешикташ, па МЈ ќе имаат 7 бода, Волфсбург 6, а ЦСКА 4. Шанса за Русите е само кикс на Волфсбург, а тие да тепаат на Бешикташ.

Во Ц група Реал ќе испадне само ако загуби 4:0 (тешко дека е можно, ама сепак од Алкоркон загубија баш толку..... Twisted Evil ). Мислам дека и Милан ќе продолжи, не верувам втор пат да се посрамотат со Цирих.

За група Д се е решено, нема што да се збори. Атлетико се покажаа како промашај на годината. Razz

П.С. Дарвел, и јас се согласувам, Јуве-Баерн и Интер-Рубин мора да ги даваат во пренос.
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeПет Ное 27, 2009 9:35 pm

Sawyer^^ напиша:
Со два дена задоцнување, да прокоментирам за мечевите во средата:

Добро е што Бордо го победи Јуве, не за друго, барем интересно ќе биде дербито Јуве-Баерн. Сепак типувам дека Јувентус ќе оди натаму, пошто тешко Германците да победат во Италија. Smile

П.С. Дарвел, и јас се согласувам, Јуве-Баерн и Интер-Рубин мора да ги даваат во пренос.

Натпреварот Баерн - Јувентус се игра на Алијанц Арена во Минхен... Значи германците можат да се надеваат на победа... Cool Wink

Нормално дека се согласуваш... Барањето е издржано и со јасен мотив... Желба за гледање мотивирана игра... Razz
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Дек 09, 2009 1:10 am

Извештај

Заврши првата половина од последното коло... Резултати:

Цитат :
А Јувентус - Баерн 1:4 (Трезеге 19’ - Бут 30’п; Олич 51’; Гомез 83’; Тимошчук 90’)
А Макаби Хаифа - Бордо 0:1 (Јуси/Џуси 13’)

Состојба во групата:

'А'
Цитат :
Бордо (16)
Баерн (10)
Јувентус (8 )
Макаби (0)

Бордо и покрај тоа што се имаше осигурано на првото место, сепак си тепаа, културно. Макаби си останаа верни на формата и одбија да земаат поени... Другиот натпревар само потврди дека Канал 5 не знаат што прават... Баерн (на натпревар кој несомнено бил повозбудлив од досадава од Марсеј) сам си обезбеди пат понатаму...

Цитат :
В Бешикташ - ЦСКА 2:1 (Бобо 86’ - Красич 41’; Алдонин 90’)
В Волфсбург - Манчестер 1:3 (Џеко 56’ - Овен 43, 83’, 90’)

Состојбата во групата:

'B'
Цитат :
Манчестер (13)
ЦСКА (10)
Волфсбург (7)
Бешикташ (4)

Манчестер иако немаше потреба од победа за да остане на првото место, сепак реши да го игра натпреварот и победи со хет-трикот на Овен со што ги уби надежите на Волфсбург. ЦСКА во последната минута на гостувањето во Турција си извади второ место...

Цитат :
С Олимпик Марсеј - Реал Мадрид 1:3 (Лучо 11’ - К.Роналдо 5’, 80’; Албиол 60’)
С Цирих - Милан 1:1 (Гајич 30’ - Роналдињо 64’п)

Состојбата во групата:

'C'
Цитат :
Реал Мадрид (13)
Милан (9)
Марсеј (7)
Цирих (4)

Милан се искачи на второто место... Толку.

Цитат :
D Атлетико Мадрид - Порто 0:3 (Алвес 2’; Фалсао 14’; Хулк 76’)
D Челзи - АПОЕЛ 2:2 (Есиен 19’; Дрогба 26’ - Зевлаков 6’; Миросављевич 87’)

Состојбата во групата:

'D'
Цитат :
Челзи (14)
Порто (12)
Атлетико (3)
АПОЕЛ (3)

На овие два натпревари не се решаваше ништо важно, единствено што беше неизвесно беше кој оди во Лиге Еуропа, а за среќа на Атлетико, АПОЕЛ не успеа да победи на гости во Лондон...

И за крај сакам само да додадам вербатим една реченица од претходниот пат:

Цитат :
Ве молам, немојте повторно да ги пуштате Барселона и Реал Мадрид... Rolling Eyes Shocked

Срамота... Evil or Very Mad
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Дек 09, 2009 1:40 am

Јас ја гледав Јувентус - Баерн на Канал 5+. И јас кога разбрав дека ќе ја даваат Марсеј - Реал, се прекрстив со лева рака.... Razz Среќа што барем на вториот канал го даваа најинтересниот меч.

Инаку, очекував многу повеќе од Јувентус, ама Баерн играа далеку подобро и заслужено тепаа. Бордо излезе најдобар тим по групната фаза...

За Волфсбург ми е најкриво што испадна, зашто не играа лошо во ЛШ. Манчестер сепак одигра фер спрема ЦСКА. Барем ќе има сигурно тим од Источна Европа во осминафинале. Smile

Марсеј и не очекував да мине, сепак очекувано беше Реал да тепа. Милан сега пошто е втор ќе игра сигурно со некој голем тим што ќе биде прв во другите групи, значи можно е да има по некое мега дерби уште во осминафинале.

Група Д не беше интересна, Челзи и Порто се прошетаа. Very Happy Атлетико со играта што ја покажаа не заслужија да играат во Хедис А1 лига, а камоли во Лига Европа, ама ете, имаа среќа во групата да им се падне некој бетер од нив.... Razz Smile
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСре Дек 09, 2009 12:12 pm

Баерн ги згазија Јуве. Smile
И јас секако дека го следев мечот на 5+, тој на Канал 5 им беше тотална утка (ем досаден, ем никој не ни очекуваше нешто повеќе од Марсеј) Razz
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 10, 2009 12:32 am

Да не беа членовите на Кајгана немаше воопшто да ја даваат Баерн-Јуве, во последен момент го додадоа мечот во понудата.

Инаку штета за Јуве, баш штета. Sad
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 10, 2009 1:03 am

Извештај

Заврши последното коло од Лигата на Шампионите... Резултатите:

Цитат :
E Ливерпул - Фиорентина 1:2 (Бенајун 43’ - Јоргенсен 63’; Џилардињо 90’)
Лион - Дебрецин 4:0 (Гомис 25’; Бастос 44’; Пијаниц 59’; Цисоко 76’)

Состојбата во групата:

'E'
Цитат :
Фиорентина (15)
Лион (13)
Ливерпул (7)
Дебрецин (0)

Во оваа група немаше никаква промена, Фиорентина остана на првото место, Лион на второто, а Ливерпул во Лига Еуропа...

Цитат :
F Динамо - Барселона 1:2 (Милевски 2’ - Чави 33’; Меси 86’)
F Интер - Рубин 2:0 (Ето 31’; Балотели 64’)

Состојба во групата:

'F'
Цитат :
Барселона (11)
Интер (9)
Рубин (6)
Динамо (5)

Жозе Мутавио си го спаси... работното место... Барселона мораше да поработи за да ја задржи првата позиција... Ништо интересно, но сепак, се гледа разлика во натпревар на кој двете страни се мотивирани...

Цитат :
G Штутгарт - Униреа 3:1 (Марица 5’; Траш 8’; Погребњак 11’ - Семедо 46’)
G Севиља - Рејнџерс 1:0 (Кануте 8’п)

Состојба во групата

'G'
Цитат :
Севиља (13)
Штутгарт (9)
Униреа (8 )
Рејнџерс (2)

Севиља до крај не се откажа и им даде уште еден гол на Рејнџерс, Униреа поради лошиот старт, и трите гола во само шест минути го загуби местото, што значи дека ќе оди во Лига Еуропа... Што и не е така лошо за тим од Романија...

Цитат :
H Стандард - АЗ Алкмар 1:1 (Болат 90’ - Ленс 42’)
H Олимпијакос - Арсенал 1:0 (Леонардо 47’)

Состојбата во групата:

'H'
Цитат :
Арсенал (13)
Олимпијакос (10)
Стандард (5)
АЗ Алкмар (4)

Арсенал во последно коло крајно ме разочара... Знам дека играа само младинци (+ Силвестер) и дека немаше потреба од победа, но сепак, бев приморан да гледам уште еден натпревар на кој Арсенал доминираше комплетно, со исклучок на една контра... Evil or Very Mad Sad Mad На другиот натпревар Стандард почна да губи уште во првото полувреме, до крајот успеаја да израмнат, но со оглед на тоа што им требаше победа и пораз на Олимпијакос... Ќе им прават друштво на Ливерпул во Лига Еуропа...

Следните натпревари се во средината на февруари... Ждрепката мислам дека е во петок на пладне...
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 10, 2009 3:15 am

Тапа натпревари денес, и тапа резултати. Единствено ми се допаѓа што Ливерфул пак изгуби. Штета што Интер се извлече. Sad

И браво за Штутгарт што на некој начин ја поврати Германија во живот во ЛШ. Кој би рекол вчера на пример дека ќе има дури 2 клуба од Германија во осмина-финале. Razz
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 10, 2009 11:52 am

Losteech напиша:
Тапа натпревари денес, и тапа резултати. Единствено ми се допаѓа што Ливерфул пак изгуби. Штета што Интер се извлече. Sad

И браво за Штутгарт што на некој начин ја поврати Германија во живот во ЛШ. Кој би рекол вчера на пример дека ќе има дури 2 клуба од Германија во осмина-финале. Razz

Епа Загинат, сепак беа мали шансите за Рубин... Rolling Eyes

Инаку, има два германски, три италијански, три француски, три англиски и три шпански...
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeЧет Дек 10, 2009 10:13 pm

Синоќа беа ептен очекувани резултатите. Само Ливерпул очекував да победат заради престиж, ама испаднаа ќутуци до крај. Laughing Интер очекував лесно да тепа, Барса иако губеше со 1:0, не се сомневав дека тепаат, зашто целосно доминираа. Динамо имаше само една шанса, па даде гол, и тоа по грешка на Валдес. Штутгарт заслужено тепаше. Ме разочара тоа што Грчиштата пак се извлекоа, ама очигледно се подобри од Стандард. Кога сме веќе тука, знаете ли дека голманот на Стандард испадна херој, тој истрча напред и успеа со глава да даде гол во последната минута и да му донесе 1:1 и место во Лига Европа. Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeПет Дек 11, 2009 1:15 am

Да да, ѕвер испадна Болат... Мислам дека треба да му направат споменик, и да му понудат доживотен договор... Twisted Evil Cool Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeПет Дек 18, 2009 7:45 pm

Значи, денес, во некој од европските градови се одржа ждрепката за двојките во елиминационата фаза... Еве ги... Двојките:

Лион - Реал Мадрид 16.02/10.03
Милан - Манчестер 16.02/10.03
Порто - Арсенал 17.02/09.03
Баерн - Фиорентина 17.02/09.03
Штутгарт - Барселона 23.02/17.03
Олимпијакос - Бордо 23.02/17.03
Интер - Челзи 24.02/16.03
ЦСКА - Севиља 24.02/16.03

Е, сега, зошто пола од натпреварите се играат со задоцнување од една недела, не знам, ама најверојатно филмот им е да нема паузи... Па ќе видиме во февруари.
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeСаб Дек 19, 2009 2:44 pm

Лион - Реал Мадрид 16.02/10.03
Милан - Манчестер 16.02/10.03
Порто - Арсенал 17.02/09.03
Баерн - Фиорентина 17.02/09.03
Штутгарт - Барселона 23.02/17.03
Олимпијакос - Бордо 23.02/17.03
Интер - Челзи 24.02/16.03
ЦСКА - Севиља 24.02/16.03

Моите прогнози за кој ќе оди понатаму се во болдирано, единствено не сум сигурен за ЦСКА иСевиља
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeНед Дек 20, 2009 6:00 pm

Мики напиша:
Лион - Реал Мадрид 16.02/10.03
Милан - Манчестер 16.02/10.03
Порто - Арсенал 17.02/09.03
Баерн - Фиорентина 17.02/09.03
Штутгарт - Барселона 23.02/17.03
Олимпијакос - Бордо 23.02/17.03
Интер - Челзи 24.02/16.03
ЦСКА - Севиља 24.02/16.03

Моите прогнози за кој ќе оди понатаму се во болдирано, единствено не сум сигурен за ЦСКА иСевиља

Мики, без двоумење, од таа двојка понатаму оди Севиља... Twisted Evil Cool

А, да, горе долу се согласувам, со исклучок на првите две... Манчестер се во криза, ама до февруари ќе си се вратат во форма, а и повредените ќе се вратат... Од друга страна, Милан изгуби од Цирих... На Сан Сиро... А Лион, имам чуство дека ароганцијата на Реал ќе им биде пречка... Мислам дека Лион им големи шанси да продолжи понатаму... Very Happy Cool
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeНед Дек 20, 2009 7:10 pm

Бордо и Барса можат да мислат на четвртфинале, пошто Грците и Штутгарт немаат ама баш никакви шанси. Twisted Evil Laughing

Инаку и јас се согласувам со Мики дека Милан ќе го мине Манчестер. Во последните неколку нивни дуела Манчестер има ноќни мори од Милан, а реално, годинава Манчестер е само сенка од тоа што беше лани и полани, не добија скоро ниту еден натпревар против квалитетен противник, а веќе почнаа да губат од тимови како Фулам.

Лион тешко дека сезонава ќе го мине Реал, зашто Шпанците се многу поквалитетни. Ама, Лион му е најголем баксуз на Реал, досега немаат пораз од нив, па ќе видиме.... Laughing

Интер-Челзи е најнеизвесна. Челзи подобри, ама Мурињо ги знае повеќето играчи на Челзи како дишат. Од друга страна, Анчелоти добро го познава Интер. Значи - тешко да се прогнозира.

За другите дуели, Арсенал и Баерн не би требало да имаат проблеми, иако Порто и Фиорентина се незгодни екипи. За Севиља ништо чудно да испадне, зашто е тешко во февруари да гостуваш во Русија. Smile Се ќе зависи мислам од тој прв меч.
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeНед Дек 20, 2009 9:42 pm

Sawyer^^ напиша:
Инаку и јас се согласувам со Мики дека Милан ќе го мине Манчестер. Во последните неколку нивни дуела Манчестер има ноќни мори од Милан, а реално, годинава Манчестер е само сенка од тоа што беше лани и полани, не добија скоро ниту еден натпревар против квалитетен противник, а веќе почнаа да губат од тимови како Фулам.

Имаш неколку добри забелешки, ама мораш да признаеш дека и Милан не се баш во форма во моментов. А проблемот на Манчестер сезонава е што во моментов имаат многу повредени, што значи дека до февруари имаат време да се опорават.

Ама, сепак, сè е ова само погодување... За сигурно ќе чекаме до февруари. Wink Cool
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitimeПон Дек 21, 2009 5:42 pm

Darvel напиша:
Ама, сепак, сè е ова само погодување... За сигурно ќе чекаме до февруари. Wink Cool

Апсолутно, ништо не се знае за сигурно до февруари. Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 5 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Лига на шампиони 2009/10
Вратете се на почетокот 
Страна 5 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
 Similar topics
-
» NBA, сезона 2008/2009
» Англиска Премиер Лига 2009/10
» US Open 2009 (ФИНАЛЕ)
» ЕМИ награди 2009
» СП во ракомет 2009 (мажи)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Off topic :: Спорт-
Отиди до: