Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Лига на шампиони 2009/10

Go down 
+2
Darvel
Losteech
6 posters
Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
АвторПорака
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 12:27 am

Јувентус направија голем кикс...не верувам дека бордо ќе им дозволи во франција да го победат, така да ќе се чека друг кикс или некое изненадување за Јувентус да биде сигурен во оваа група, другите резултати се до некаде очекувани освен Атлетико ...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 12:30 am

Хахаха ме изнасмеа со имево на голманов (стварно е ретардирано, нема што! Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_eek) Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_lol

Повеќето резултати се и повеќе од очекувани според мене, но како најголеми изненадувања би рекол дека се Јуве - Бордо 1:1 и Атлетико - АПОЕЛ 0:0

Исто така, се согласувам за твојата констатација за Реал Мадрид. Да се примат два гола во две минути од толку слаб тим од типот на Цирих е стварно право мајсторство (или поточно речено - НЕ-мајсторство!)

Едвај чекам да видам што ќе прават кутрите во наредните мечеви против Милан и посебно Марсеј, кој денеска покажа дека знае да покаже заби. Smile

Манчестер си е Манчестер, секогаш знае да ги казни и најмалите киксови на своите противници, па од таа причина уште пред да почне натпреварот знаев дека колку и да се обидуваат Турците да „напнат“ со одбрана нема да успеат до крај во својата замисла. Wink

Поздрав и браво уште еднаш за маестралниот преглед. Се гледа дека те бива за спортски коментатор/новинар! Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 12:53 am

Losteech напиша:
Поздрав и браво уште еднаш за маестралниот преглед. Се гледа дека те бива за спортски коментатор/новинар! Very Happy

Слушнавте сите?! Кој има врски во весници/веб портали нека ме препорача... (се шегувам нормално) Wink Twisted Evil

И сега гледав прегледот на Канал 5... Ќе јаде ќотек Руни... Razz
Вратете се на почетокот Go down
maestro
Модератор
Модератор
maestro


Male
Број на мислења : 248
Age : 30
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-20

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 1:09 am

Mad
Се нервирам ептен за Јуве, мечот го следев текстуално на Yahoo Sports, бидејќи не можев да најдам никаков стрим (а и да најдов, тешко дека со внимание ќе следев Laughing), а браво за победите на Челзи и Реал.
cheers
Уаааа за клубот на Берлускони. :@


Последната промена е направена од maestro на Сре Сеп 16, 2009 1:10 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 1:10 am

Darvel напиша:
И сега гледав прегледот на Канал 5... Ќе јаде ќотек Руни... Razz
Леле јас заборавив да гледам, се загледав ЈБ со Волан... Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_eek
Што се случило? Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Suspect
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 1:23 am

Losteech напиша:
Darvel напиша:
И сега гледав прегледот на Канал 5... Ќе јаде ќотек Руни... Razz
Леле јас заборавив да гледам, се загледав ЈБ со Волан... Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_eek
Што се случило? Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Suspect

САФ го извади кај шеесет и некоја минута, отиде со пцуење до клупа, седна ги извади копачките и ги лупаше од земја... Што значи дека САФ ќе го лупа него од земја... Wink Razz
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 2:19 am

Помина првата половина од првото коло на Лигата на Шампионите, и иако имаше 21 гол, немаше ништо посебно, единствениот натпревар на кој имаше место за рекорден резултат, примадоните го зафркнаа...

Втората половина:

Цитат :
E Ливерпул - Дебрецин
E Лион - Фиорентина

Во групата "Е", според некои тешка, според некои неизвесна, а во основа однапред се знае кој ќе оди понатаму... Ливерпул ги пречекува Дебрецин, Фиорентина гостуваат кај Лион... И не знам што друго да пишам... :O

За обложувачи* - Ливерпул 1, Лион Х.

Цитат :
F Интер - Барселона
F Динамо Киев - Рубин Казан

Во групата "F", единствената во која има четири шампиони, се игра и еден од по... „возбудливите“ натпревари... Сепак, не мислам дека размената на играчи помежу Барселона и Интер е доволна овој натпревар да се нарече „дерби“. Знам, Интер се доминантни во Италија веќе две-три сезони по ред, но како и сите други италијански тимови, тапа се во ЛШ. Фактот што Мурињо практикува дефанзивен фудбал сигурно нема да помогне кон тоа да гледаме добар натпревар... Ама се надевам дека ќе згрешам, не за друго, да не се досадувате како денес... На другиот натпревар, украинскиот шампион го пречекува рускиот... И... толку... Претпоставувам дека Динамо имаат мала предност поради домашниот терен... И, сега, дефинитивно толку... Very Happy

За обложувачи* - Интер 1, Динамо 1.

Цитат :
G Штутгарт - Рејнџерс
G Севиља - Униреа

Во групата "G"... има два натпревари... Штутгарт ги пречекува Рејнџерс, и мислам дека и овде може да се очекува слична ситуација како на Интер - Барселона, бидејќи има тим кој игра отворен, напаѓачки фудбал (Штутгарт) против дефанзивни шкоти... На другиот натпревар, мислам дека Севиља не би требало да има проблеми против романците, главно зашто играат дома, и играат поубав фудбал... Претпоставувам, зашто никогаш не сум ги видел Униреа како играат...

За обложувачите* - Штутгарт Х, Севиља 1.

Цитат :
H Олимпијакос - АЗ Алкмар
H Стандард - Арсенал

Во групата "H", има еден релативно нископрофилен натпревар, и еден не многу посилен. Арсенал дефинитивно изгледа како доминантен во групата, но сепај никогаш не треба да се потценува АЗ Алкмар, па ни Стандард... Нормално, на првиот натпревар, Македонија ќе навива за холанѓаните, со надеж дека ќе одиграат подобро од шпанците денес. Арсенал заминал за Лиеж без Алмунија, Денилсон и Ван Перси, што значи дека или Маноне или Шчежни ќе има деби во ЛШ помеѓу стативите... Сепак, од субјективна гледна точка морам да признам дека постои мал страв пред натпреварот, не поради можноста за поразм туку поради нежноста на играчите на Стандард (18+), особено со оглед на кршливоста на коските на Дуду (на кој му беше поништена суспензијата) и Росицки...

За обложувачи* - АЗ Алкмар 2, Арсенал 2.
-------------------------------
* Делот „За обложувачи“, е едноставно мој совет, не значи дека ако ги уплатите моите предлози и загубите некој денар дека јас сум одговорен... Нормално ако фатите некој денар очекувам 10%... (шега)
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 16, 2009 6:51 pm

Вчера Атлетико најнепријатно изненади, а Милан најпријатно, изгледа пак ќе тераат како порано - слаби во Италија, добри во Европа. Smile Јувентус заслужи победа, едноставно немаше среќа, погодија пречка и примија гол од чист офсајд.

За денес накратко:

Група Е - Ливерпул треба без проблем да тепа, на вториот меч ќе биде понеизвесно, ама типувам на Лион.

Група Ф - Се може да се случи на Сан Сиро, Интер и Барса се фаворити дури и за титулата. Пошто цел живот сум за Барселона, ќе типувам чиста „двојка“. Twisted Evil Динамо се малку подобри од Рубин, ама ќе биде тежок меч.

Група Г - Најслаба група. Севиља треба лесно да победи, Штутгарт и Ренџерс се тука некаде по квалитет, може тука и 0:0 да заврши.

Група Х - Овде Арсенал е апсолутен фаворит, другите екипи се тука некаде. АЗ не знам колку ќе може да стори во Атина, иако се надевам дека ќе ги уништи Грчиштата. Арсенал очекувам да победи во Белгија.
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Сеп 17, 2009 12:36 am

Извештај

Вечерашните натпревари се со помала ефикасност, 16 наспроти вчерашните 21 гол. Први гол дадоа Стандард, прв директен црвен оваа сезона доби Жилардињо.

Резултати:
Цитат :
Ливерпил - Дебрецин 1:0 (Каут 45’)
Лион - Фиорентина 1:0 (Пијанич 76’)
Ливерпул победи, очекувано, но не многу убедливо особено со оглед на противникот и предноста на домашниот терен. Лион, па не би рекол дека беше очекувано, сепак мислев дека ќе бидат горе долу израмнети, што значи дека најверојатно имало влијание црвениот картон на Жилардињо на крајот на првото полувреме...
Цитат :
Интер - Барселона 0:0
Динамо Киев - Рубин Казан 3:1 (Ајила 71’; Маграо 79’; Гусев 85’ - Домингез 25’)
Не го гледав натпреварот од Сан Сиро, имав поважна работа, ама како и што очекував, умрен натпревар... Ретко погледнував кон телевизорот, ама секој пат кога погледнував гледав некој како паѓа/лежи и сл. Динамо Киев, како што предвидов ја искористи предноста на домашниот терен, и иако први примија гол, во второто полувреме дојдоа до убедлива победа.
Цитат :
Штутгарт - Рејнџерс 1:1 (Погребњак 18’ - Бугера 77’)
Севиља -Униреа 2:0 (Фабиано 45’; Ренато 70’)
Овде ги погодив двете, Штутгарт и покрај тоа што дојдоа до водство во првото полувреме не успеа да издржи до крај... Севиља убедлива против Романците... Па толку отприлика...
Цитат :
Олимпијакос - АЗ Алкмар 1:0 (Некојсигрк 79’)
Стандард - Арсенал 2:3 (Мангала 2’; Јованович 5’п - Бентнер 45’; Вермален 78’; Едуардо 81’)
И вечерва, Македонците останаа разочарани... Само за разлика од Атлетико кои играа нерешено со кипријаните, АЗ Алкмар загуби на гостувањето кај јужните... На другиот натпревар, кој внимателно го гледав, и за кој можам подетално да ве известам, први во водство дојдоа домаќините откако по корнер Едуардо не успеа да ја исфрли топката од шестнаесетник а Мангала со шут од седумнаесетина метри го совлада Маноне. Две минути подоцна, Јованович изглуми, сам реализираше, по вторито гол Стандард комплетно се затворија и чекаа шанса за контри и држеа време (сериозно, почнаа да држат време уште во петнаесета минута Shocked Rolling Eyes ), а пред крајот на полувремето Бентнер намали, што испадна дека сепак беше клучно. Во второто полувреме Арсенал продолжи да доминира, на што домаќините одговорија со затварање во својот шестнаесетник. Во 78’ минута, Вермален израмни од (според некои) контроверзна игра со рака на Сонг, но штом не им сметаше недосудениот пенал за Арсенал, претпоставувам дека нема да им смета и ова. На десет минути пред крајот, Арсенал дојде до заслужената победа кога Дуду со колено ја сврте топката во гол. Само да напоменам, смешно беше кога играчи на Стандард, силни момци од по 1.8 - 2m паѓаа како покосени кога се приближуваа до шестнаесетникот на Арсенал, или до некој играч со жолт картон.

Состојбата во групите:

'А'
Цитат :
Баерн (3)
Бордо (1)
Јувентус (1)
Макаби (0)

'B'
Цитат :
Волфсбург (3)
Манчестер (3)
Бешикташ (0)
ЦСКА (0)

'C'
Цитат :
Реал Мадрид (3)
Милан (3)
Марсеј (0)
Цирих (0)

'D'
Цитат :
Челзи (3)
Атлетико (1)
АПОЕЛ (1)
Порто (0)

'E'
Цитат :
Ливерпул (3)
Лион (3)
Фиорентина (0)
Дебрецин (0)

'F'
Цитат :
Динамо (3)
Барселона (1)
Интер (1)
Рубин (0)

'G'
Цитат :
Севиља (3)
Рејнџерс (1)
Штутгарт (1)
Униреа (0)

'H'
Цитат :
Арсенал (3)
Олимпијакос (3)
Стандард (0)
АЗ Алкмар (0)

Најубедливи во првото коло (гледано национално) се англичаните, четири тимови, четири победи, 12 поени, 6 дадени и 2 примени голови. Добар старт за англичаните.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Сеп 17, 2009 10:38 am

Ех, се извлековте за малце, којзнае колку сте ги подплатиле овие играчиве од Стандард само за одеднаш да примат три гола... Razz
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Сеп 17, 2009 4:35 pm

Losteech напиша:
Ех, се извлековте за малце, којзнае колку сте ги подплатиле овие играчиве од Стандард само за одеднаш да примат три гола... Razz

Хахахахахаха... Да не беше турчинот на гол, може ќе примеа 5-6... Twisted Evil Razz

И во зборовите на Греам Сунес и Џејми Реднап по натпреварот: „Сепак, во групите не е важен резултатот, само поените...“ Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeПет Сеп 18, 2009 10:28 pm

Ма тапа сте...како и да е! Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeПон Сеп 28, 2009 7:27 pm

Ај додека имам време... Значи, второ коло од ЛШ, овој пат обратно, прво играат вторите четири групи (ова за оние кои не се запознаени со системот). Razz

Цитат :
E Фиорентина - Ливерпул Канал 5
E Дебрецин - Лион

Во групата "E" Фиорентина го пречекува Ливерпул кој во првото коло на домашен терен се изнамачи против Дебрецин. Овој натпревар е еден од најнеизвесните утревечер, и може да се рече дека е дерби... Иде со директен пренос на Канал 5. Унгарците го пречекуваат Лион.

За обложувачи*: Фиорентина Х, Лион 2.

Цитат :
F Рубин Казан - Интер Канал 5+
F Барселона - Динамо

Во групата "F" доаѓа првиот сомнителен натпревар... Интер оди на „далечниот“ исток кај Рубин Казан... Како за споредба, Барселона ќе гостува на истиот стадион во ноември кога просечната температура е -6, а најниската што некогаш била измерена -36,6... Мириса... А во ова коло Барселона го пречекува Динамо.

И мислам дека дошло до мало недоразбирање... Водителот спремил најава дека директниот пренос ќе биде Барселона (сигурно не е зашто навива за нив), ама на вестите кажаа дека преносот ќе биде од Фиренца... Дали ќе дојде до тепачка? Wink Razz

За обложувачи*: Интер 2, Барселона 1.

Цитат :
G Униреа - Штутгарт
G Рејнџерс - Севиља

Во групата "G", германскиот шампион гостува во Романија или кај и да беше... На овој натпревар не очкувам изненадување... Другиот натпревар е исто така дерби, во Единбург гостува Севиља...

За обложувачи*: Штутгарт 2, Рејнџерс Х.

Цитат :
H Ареснал - Олимпијакос
H АЗ Алкмар - Стандард

Во групата "H" Арсенал ги пречекува педерите... Мислам дека нема Македонец кој на овој натпревар нема да навива за Арсенал, 'nuff said... Или не? Признавам, за овој натпревар сум поинформиран отколку за другите. Бентнер вчера бил во сообрајќајка па ќе го пропушти овој натпревар, кај Денилсон била откриена скршеница на ’рбетот па ќе отсуствува следниве два месеци, а Тео Волкот нема да игра зашто не е во форма по повредата. На другиот натпревар, поразените од првото коло играат меѓу себе, АЗ може да има релативно полесна работа бидејќи играат дома а гостите може да се деморализирани по пресвртот против Арсенал иако победата од 2:0 викендов може да им помогнала малку... Wink

За обложувачи*: Арсенал 1, АЗ 1.

-------------------------------
* Делот „За обложувачи“, е едноставно мој совет, не значи дека ако ги уплатите моите предлози и загубите некој денар дека јас сум одговорен... Нормално ако фатите некој денар очекувам 10%... (шега)


Последната промена е направена од Darvel на Вто Сеп 29, 2009 4:01 am. Мислењето е променето 1 пати
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeПон Сеп 28, 2009 10:37 pm

На Канал 5 ќе оди пренос од Барселона - Динамо, а на 5 + ќе има два преноса: Рубин - Интер зашто почнува во 18:30, па после Фиорентина - Ливерпул во 20:45. Така сум информиран барем, ако не мсениле нешто.... Smile Инаку, да те поправам, Униреа се Романци, а Дебрецин Унгарци. Laughing Во врска со групите:

Група Е - Натпреварот во Фиренца е најинтересен таа вечер, ќе биде тврд натпревар, и мислам дека ќе нема многу голови. На Фиорентина и треба победа многу повеќе, зашто со пораз уште од сега ќе им се намалат шансите за да ја минат групата. И јас би прогнозирал Х. Лион очекувам да победи, иако екипи како Дебрецин некогаш знаат да изненадат...

Група Ф - Барса лесно ќе го победи Динамо, и Интер не би требало да има проблеми со Рубин. Се освен победа на фаворитите за мене ќе биде огромно изненадување.

Група Г - Штутгарт очекувам да слави без проблем, вториот меч ќе биде понеизвесен зашто Ренџерс играат добро на свој терен. Севиља е фаворит, ама изненадување е апсолутно можно.

Група Х - Арсенал дефинитивно ќе ги „потопи“ Грчиштата, без разлика кој ќе игра, а кој не, далеку подобри се. Вториот меч е право соседско дерби, ама типувам на АЗ, мислам дека се до негде посилни од Стандард.
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeВто Сеп 29, 2009 10:41 pm

Денеска ми се досадни натпревариве. Sad
Утре ќе биде поинтересно, со Манчестер и посебно Баерн-Јуве! Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 12:13 am

Извештај

Завршија пола од натпреварите во второто коло... Резултати:

Цитат :
E Фиорентина - Ливерпул 2:0 (Јоветиќ 28’, 37’)
Дебрецин - Лион 0:4 (Калстром 3’; Пијаниќ 13; Гову 24’; Гомис 51’

Во групата "E" Фиорентина на домашен терен го порази Ливерпул. Не знам многу за натпреварот, ама сигурен сум дека се играл поубав фудбал отколку на овој што беше во директен пренос... Лион очигледно може да им одржува лекции на Ливерпул за игра против слаби источно европски тимови... Убедливи четири гола разлика на гостувањето кај тимот со кој другиве играа едвај 1:0 дома...

Цитат :
F Рубин Казан - Интер Канал 1:1 (Домигез 11’ - Станковиќ 27’)
F Барселона - Динамо 2:0 (Меси 25’; Педро 76’

Во групата "F" Рубин Казан ја покажа својата сила на домашен терен, натпреварот заврши со по еден гол за двата тима... Ама Интер го изгубија Балотели за следниот натпревар поради 2 жолти. Барселона очекувано на домашен терен го победи Динамо...

Цитат :
G Униреа - Штутгарт 1:1 (Варга 48’ - Таши 5’)
G Рејнџерс - Севиља 1:4 (Ново 88’ - Конко 50’; Адриано 64’; Фабиано 72’; Кануте 74’)

Во групата "G", изненадувањето дојде од Романија каде што и покрај раното водство Штутгарт не успеа да ги собере сите три поени...Во Единбург, Севиља ги уништи Рејнџерс... Ни на крај памет не ми текнало дека може некој да им даде 4 гола на гостување на Ајброкс... :O

Цитат :
H Ареснал - Олимпијакос 2:0 (Ван Перси 78’; Аршавин 86’)
H АЗ Алкмар - Стандард 1:1 (Ел Хамдауи 48’ - Траоре 90’)

Во групата "H"... Во Лондон во ниеден момент немаше сомнеж за победникот, и покрај тоа што на Арсенал им требаа 78 минути за да го совладаат Никополидис... Самиот факт што Арсенал имаше речиси 70% посед и 22 (12 во рамките на голот) шутеви на гол ги замолчува сите луѓе кои го мразат Арсенал. Едноставно да не беше Никополидис (оној белокосиот грк што и донесе тирула на Грција во 2004) натпреварот ќе завршеше минимум 5,6-0. Инаку, да, прекрасниот гол на Аршавин (со пета) беше од офсајд, ама па не беше досуден и чист пенал (еден грк ја тапкаше топката како да е Џордан), така што, еднакво е. Razz За натпреварот во Холандија знам само дека му ја олесни работата на Арсенал, кој со уште една победа ќе може да диши полесно...

Преглед за следните осум натпревари, најверојатно доцна вечерва. Wink Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 1:37 am

Фиорентина ептен пријатно ме изненади, ќе ја направат групата интересна. Сега Ливерпул треба да се намачи во двомечот со Лион, а Италијаните со 6 бода против Дебрецин ќе бидат блиску до осминафинале. И Штутгарт очекував лесно да излезе на крај со Романците, ама не испадна баш така. Smile Интер некако како полека да паѓа во криза, ако продолжат вака пак нема ништо да направат во ЛШ. Другите резултати беа горе-доле очекувани. Моја Барса, Лион и Арсенал лесно победија, Севиља беа фаворити, само не очекуваше никој толку да го згазат Ренџерс. АЗ сами си ја прокоцкаа победата во последните минути.
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 4:22 am

Преглед на втората половина од второто коло:

Цитат :
А Баерн - Јувентус
А Бордо - Макаби

Во групата "А" се игра дербито на вечерта, два европски тешкаши се среќаваат во јужна Германија... Мислам дека пред 60тина години во истиот град се дружале Мусолини и другар му со смешните мустаќина... Razz Ама, сериозно, би требало да биде добар натпревар... Се надевам нема да разочараат... Very Happy На другиот натпревар во групава, Израелците патуваат во Франција, Бордо имаат поен, ама Макаби изгубија дома 3:0, па би требало да се мотивирани.

За обложувачи*: Баерн 1, Бордо 1.

Цитат :
В ЦСКА - Бешикташ
В Манчестер - Волфсбург

Во групата "В" Русите ги пречекуваат Турците... И пак паметов ми забегува на војна... Руско-Турската, ама таа беше пред долго време, па претпоставувам дека нема да има влијание... Wink Razz Манчестер дома ќе се бори за три поени со Волфсбург, искрено, не знам многу за Волфсбург, па не знам како би можело да се игра, ама ако се сеќавам во прво коло ја закопаа ЦСКА, па може да се очекува отворена игра, а ако брани Фостер, и голови... Razz

За обложувачи*: ЦСКА Х, Манчестер 1.

Цитат :
С Милан - Цирих
С Реал Мадрид - Марсеј

Во групата "С" во првото коло Милан ги изненади сите со победата во време кога се очекуваше да бидат во слаба форма, ама изгледа пак ќе бидат јаки во ЛШ а катастрофа во Калчо... Против Цирих, особено дома, не би требало да имаат проблем... Противникот на Цирих од првото коло Реал, во ова коло ќе има прв сериозен предизвик... И откако се изнамачија со Швајцарците (натпревар на кој победија само заради ретардираноста на голманот со смешното име - Џони Леони) мислам дека Марсеј можат да се надеваат барем на еден поен... Сепак јас типувам на „изненадување“ (во наводници, зашто не би било изненадување). Very Happy

За обложувачи*: Милан 1, Марсеј 2.

Цитат :
D АПОЕЛ - Челзи
D Порто - Атлетико Мадрид

Во групата "D" Челзи одат на Блискиот Исток... на Кипар... За АПОЕЛ ни знам нешто, ни искрено не ме интересира, ама по нерешениот натпревар на гостувањето кај Атлетико сепак може да изненадат, иако мислам дека Челзи има премногу „среќа“ за да изгуби... Порто, откако според многу луѓе биле оштетени на гостувањето во Лондон, играат дома со тимот кој никој не би го потценил... Мислам дека ќе биде густо, ама мислам дека теренот може да помогне...

За обложувачи*: Челзи 2, Порто 1.

-------------------------------
* Делот „За обложувачи“, е едноставно мој совет, не значи дека ако ги уплатите моите предлози и загубите некој денар дека јас сум одговорен... Нормално ако фатите некој денар очекувам 10%... (шега)
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 2:48 pm

eпа вака, како прво нема шанси да има изненадување на сантиаго, не навивам за реал, напротив многу ги мразам, но дека ќе паднат од марсеј не ми се верува, премногу ќе биде уште сега ако почнат да губат со овој тим.

Второ Волзбург е одличен тим, отвори википедија и прочитај, го имаат одличниот босански тандем Џеко, Мисимович(оваа сезона имаат и двајцата по 4 гола во бундес) , кој лани им ја донесе титулата, оваа сезона во бундес лигата одлично тргнаа но после 2 победи, стагнираше некако играта и загубија 3 пати по ред, но сега гледам ја вратија формата и врзаа 2 победи и сега се на 7 место. Волзбург е силен тим со променлива форма, јас не би бил толку сигурен за победа на манчестер

И Баерн тешко дека ќе стигне до победа, Јуве блескаат сезонава, Диего ќе игра на Алианц арена, кој мислам дека ќе биде најголемата закана за баварците. За разлика од Јуве, Баерн стартуваа исто како и Волзбург, и моментално се едно место под нив. Ако Јуве постигне рано гол, нека се збогуваат баерн од победата, сепак очекувам јак дуел, и сигурно многу поинтересен од вчерашниот...
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 9:01 pm

Група А - Очекувам многу интересен дуел меѓу Баерн и Јуве, за мене гостите се фаворити. Јувентус има одличен состав оваа сезона, немаа среќа во првото коло со Бордо, па сега ќе дојдат во Минхен екстра мотивирани. Баерн игра променливо, и мислам дека вечерва може да се надева само на реми. Бордо би требало да го „скрши“ Макаби, сепак не смее во ваква група да губи бодови против аутсајдерот.

Група Б - Во моментов кога го пишувам ова, ЦСКА води со 2:0 против Бешикташ, значи веројатно ќе победат.... Јунајтед е голем фаворит против Волфсбург, иако според мене можно е изненадување. Манчестер многу често се вади на среќата, а Волфсбург е квалитетен тим, има добри поединци, и можат да направат мал шок како Фиорентина вчера....

Група Ц - Очекувам два „кеца“. И јас не го сакам Реал, ама мислам дека нереално е да се надеваме дека Марсеј ќе изненади на Бернабе. Милан исто не би требало да има проблеми, сепак Цирих се тотални аутсајдери.

Група Д - Челзи по поразот од Виган озбилно ќе си ја сфатат работата и лесно мислам дека ќе слават против Апоел. Порто и Атлетико лани играа во осминафинале, двата меча тогаш беа нерешени, а Порто пројде поради голови на гости. Некако и оваа вечер очекувам таков меч, ништо чудно и 0:0 да одиграат. Порто е сепак фаворит, пошто игра дома, и плус Атлетико се „тапа“ годинава и во Шпанија и во ЛШ.
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeСре Сеп 30, 2009 10:05 pm

Мики, не сме се разбралале... Не се сомневам дека Волфсбург се одличен тим, ама јас искрено си пишав дека не знам ништо за нив... И некако ми е глупо да се преправам дека знам нешто со податоци од Википедија...

Исто така... Јас не реков дека се надевам дека Марсеј ќе тепа, туку дека после покажаната форма против Цирих, Реал ќе се намачат за победа против францускиот шампион (и еве до 21 минута сум во право)...

Инаку Цирих води на Сан Сиро... :?
Вратете се на почетокот Go down
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Окт 01, 2009 12:04 am

Извештај

Преглед на резултатите од втората половина од второто коло:

Цитат :
А Баерн - Јувентус 0:0
А Бордо - Макаби 1:0 (Циани 83’)

Во групата "A" еден можеби очекуван резултат. Убедливо најтрофејниот клуб од Германија и убедливо најтрофејниот клуб од Италија изиграа убедливо нерешен натпревар. Не го гледав, па не би можел да коментирам дали бил интересен или не. Бордо, иако малку потешко од очекуваното, сепак победија против Израелците.

Цитат :
В ЦСКА - Бешикташ 2:1 (Ѕагоев 7’; Красич 61’ - Даг 90’)
В Манчестер - Волфсбург 2:1 (Гигс 59’; Карик 78’ - Џеко 56’)

Во групата "В" ЦСКА прва денес дојде до победа, и може да се рече дека беше очекуван резултат, со Турците се прилично израмнети, па сепак теренот реши. Манчестер се вадеше против Волфзбург, откако Џеко го отвори резултатот. Можно е и да се повреди Овен кој беше заменет во 20 минута (што значи дека толку беше од него сезонава Sad ).

Цитат :
С Милан - Цирих 0:1 (Тихинен 10’)
С Реал Мадрид - Марсеј 3:0 (Кристијано 58’, 64’; Кака 61’п)

Во групата "С" најголемото изненадување од вечерва... Милан на домашен терен загуби од Цирих... Мислам дека може да се рече само „Срамота“... Слабо од Милан, се надевам дека им е доволно да освојат ништо сезонава... За другиот, срамота... Првото полувреме имаше убав фудбал, Реал први постигнаа гол, а потоа судијата го расипа натпреварот. Прво, немаше пенал, второ, дури и да имаше, не за црвен. УЕФА сама си се закопува...

Цитат :
D АПОЕЛ - Челзи 0:1 (Анелка 18’)
D Порто - Атлетико Мадрид 2:0 (Фалсао 75’; Роландо 82’)

Во групата "D" Челзи со минимална победа до трите поени... Сепак, три си се три... Порто си резервираше второ место со победата против Атлетико (кој според резултатите во првите две кола изгледа нема намера да продолжува понатаму)...

Состојбата во групите:

'А'
Цитат :
Баерн (4)
Бордо (4)
Јувентус (3)
Макаби (0)

'B'
Цитат :
Манчестер (6)
Волфсбург (3)
ЦСКА (3)
Бешикташ (0)

'C'
Цитат :
Реал Мадрид (6)
Милан (3)
Цирих (3)
Марсеј (0)

'D'
Цитат :
Челзи (6)
Порто (3)
Атлетико (1)
АПОЕЛ (1)

'E'
Цитат :
Лион (6)
Фиорентина (3)
Ливерпул (3)
Дебрецин (0)

'F'
Цитат :
Барселона (4)
Динамо (3)
Интер (2)
Рубин (1)

'G'
Цитат :
Севиља (6)
Штутгарт (2)
Униреа (2)
Рејнџерс (1)

'H'
Цитат :
Арсенал (6)
Олимпијакос (3)
Стандард (1)
АЗ Алкмар (1)
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Окт 01, 2009 12:35 am

Darvel напиша:
Можно е и да се повреди Овен кој беше заменет во 20 минута (што значи дека толку беше од него сезонава Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_sad ).
Тешко тебе ако вака испадне работава. Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil
Ги гледав последните 35 минути од мечот Манчестер Јунајтед - Волфсбург (зашто Марсеј - Реал наместија, а Баерн - Јуве некако не ме привлече ептен, иако се играше убав фудбал..) и за среќа ги фатив сите голови.. =))

Кога Волфсбург дадоа гол ептен се исплашив да не земат уште толку замав, ама за среќа Гигс уште во следната акција го врати Јунајтед во игра.

После Гигс и за вториот гол беше директен „кривец“ зашто буквално му ја намести топката на нога на Керик, кој инаку даде солиден гол од 15тина метри. Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_smile

Што се однесува до најголемото изненадување (Милан - Цирих 0:1) се’ што ќе кажам е - Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Lol Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Lol Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Lol Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Lol

EDIT: се гледа дека најнеизвесна група ќе биде "F". Се надевам Барса ќе испадне. Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_scratch Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_lol
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Darvel
Модератор
Модератор
Darvel


Male
Број на мислења : 560
Age : 37
Местолокација : Волково
Хумор : Немам
Registration date : 2009-01-19

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Окт 01, 2009 1:14 am

Losteech напиша:
Darvel напиша:
Можно е и да се повреди Овен кој беше заменет во 20 минута (што значи дека толку беше од него сезонава Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_sad ).
Тешко тебе ако вака испадне работава. Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Icon_evil
Ги гледав последните 35 минути од мечот Манчестер Јунајтед - Волфсбург (зашто Марсеј - Реал наместија, а Баерн - Јуве некако не ме привлече ептен, иако се играше убав фудбал..) и за среќа ги фатив сите голови.. =))

Е што сум јас крив ако се повредил... Sad Јас само знам дека во 20 минута излезе Овен влезе Бербатов (така ми кажа Flashscore)... Sad Cool

Aкo си го гледал Баерн - Јувентус, да не знаеш што беше „контроверзниот момент“ што го спомна Филе? Suspect
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitimeЧет Окт 01, 2009 2:34 pm

ма не беше ништо контроверзно, јас го гледав тој дуел, и нерешениот резултата е заслужен инаку контроверзниот момент е: судијата даде 2 мин продолжение(крај) и јуве ја имаа последната шанса на натпреварот, на истекот, скроз на крај на 2 мин јуве ја загубија топката и се отвори голема шанса за баерн преку контра напад, но судијата свиреше крај и ништо од шансата. Јас го оправдувам Хаувард Веб бидејќи одма што јуве загубија третата минута веќе почна и јас беше дека треба да свири крај

Инаку јас сум тотално разочаран од Канал 5, т.е од нивниот избор за следење, некако гледам дека цело време ги фаворизираат шпанските тимови на нивниот прв канал. На пример вчера најинтересни дуели беа Баерн-Јуве(на 5) и Манчестер-Волзбург(на 5+) но ова они вчера што го направија е тотално аматерски, ми ги пуштија милионерите од Реал со Марсеј, алооо па се знае дека Реал ќе тепа нема тука ништо неизвесно, за разлика од дуелите Баерн-јуве и Ман-Вол. Ако вака продолжат и понатаму се откажувам од нивната програма и ќе следам лш на германската сат(каде што и вчера ја гледав утакмицата)
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sponsored content





Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Лига на шампиони 2009/10   Лига на шампиони 2009/10 - Page 3 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Лига на шампиони 2009/10
Вратете се на почетокот 
Страна 3 of 6Отиди на страна : Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6  Next
 Similar topics
-
» NBA, сезона 2008/2009
» Англиска Премиер Лига 2009/10
» US Open 2009 (ФИНАЛЕ)
» ЕМИ награди 2009
» СП во ракомет 2009 (мажи)

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Off topic :: Спорт-
Отиди до: