Македонски форум за хит-серијата Изгубени A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST! |
|
| Лига на шампиони 2009/10 | |
| | |
Автор | Порака |
---|
Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 01, 2009 3:03 pm | |
| - Мики напиша:
- ... алооо па се знае дека Реал ќе тепа нема тука ништо неизвесно...
Очигледно не си го гледал... Да не беше судијата ќе завршеше 1:0, а можеби и ќе беше нерешено. Реал се мачеа, воопшто не беше извесен натпреварот... | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 01, 2009 4:44 pm | |
| И мене ме изнервира тотално пеналот. Како само судијата наивно му поверува на позерот Роналдо. Беше чисто одземена топка. Може Реал и без тоа ќе победеше, ама вака судијата го уништи мечот. Баерн и Јуве ги гледав во финишот, немаше нешто поинтересно, премногу изгледа тактизираа. Таму и јас го оправдувам судијата, времето истече и тоа е тоа. На Ван Гал не му бега казна, се дереше во фаца на судијата по мечот, како Дрогба лани против Барса. За Милан што да искоментирам, упорно пропаѓаат. Исто и Атлетико, Порто покажа дека ќе биде втор во групата. Манчестер пак се извлекоа. Не знам до кога ќе ги прати среќата. Челзи одиграа колку да победат, Бордо како што видов се изнамачи да тепа на Макаби. Лостич, Барса нема шанси да испадне, сигурно ќе биде прва во група Ф. Интер очекувам да биде втор, таму не е којзнае колку неизвесно. Најинтересна е групата Е, таму Ливерпул може да „отиде под ледот“. | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 01, 2009 9:25 pm | |
| | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 01, 2009 10:01 pm | |
| јас мислам дека оваа сезона нема да има ниту еден полуфиналист од шпанија, оваа сезона во поолуфинале се: Манчестер, Арсенал, Јувентус и Баерн... | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Пет Окт 02, 2009 8:13 pm | |
| - Мики напиша:
- јас мислам дека оваа сезона нема да има ниту еден полуфиналист од шпанија, оваа сезона во поолуфинале се: Манчестер, Арсенал, Јувентус и Баерн...
А значи сега одеднаш Манчестер не се тапа?? Зашто до вчера муабетите беа од типот „ако завршат десетти во Премиер добро ќе биде“... | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Пет Окт 02, 2009 8:30 pm | |
| ej јас сеуште мислма дека манчестер се тапа, ама има и потапа од нив | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| | | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Пет Окт 02, 2009 10:13 pm | |
| па така е, реал се потапа, барса не се, но оваа сезона во лш играат очајно, затоа не ги ставив, за милан да не збориме, ливерпул исто... | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Саб Окт 03, 2009 3:28 am | |
| - Мики напиша:
- па така е, реал се потапа, барса не се, но оваа сезона во лш играат очајно, затоа не ги ставив, за милан да не збориме, ливерпул исто...
Барса игра очајно?!?!?!? Од каде сега тоа, со Интер доминираа, не победија, ама завршија со позитивен резултат, реми во гости. После лесно го победија Динамо, да не беше Шовковски ќе завршеше 5:0. И плус немаат примено гол. Јас баш мислам дека ова ќе биде година на шпанските клубови. Барса и Реал очекувам далеку да стигнат. Поквалитетни се од било која англиска екипа. | |
| | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Саб Окт 03, 2009 12:36 pm | |
| eej Мене многу повеќе ми се „свиѓа“ барса отколку манчестер, но ќе видеш дека ќе на*бат сезонава... а за реал, што да ти кажам, нивните години поминаа, единствено што им остана од тогаш се парите, а само со пари не се освојува лш | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Саб Окт 03, 2009 9:46 pm | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Мики напиша:
- па така е, реал се потапа, барса не се, но оваа сезона во лш играат очајно, затоа не ги ставив, за милан да не збориме, ливерпул исто...
Барса игра очајно?!?!?!? Од каде сега тоа, со Интер доминираа, не победија, ама завршија со позитивен резултат, реми во гости. После лесно го победија Динамо, да не беше Шовковски ќе завршеше 5:0. И плус немаат примено гол. Јас баш мислам дека ова ќе биде година на шпанските клубови. Барса и Реал очекувам далеку да стигнат. Поквалитетни се од било која англиска екипа. До крајот на сезоната има уште мнооогу време, така што, рано е да се зборува се’ уште за полу-финале. Јас на пример повеќе би си го трошел времето на нагаѓање дали Милан ќе оди во осмина-финале или не. =)))))) | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Нед Окт 04, 2009 3:53 am | |
| Така е, рано е да се прогнозира кој ќе игра во полуфинале или финале. Сепак, некогаш и ждрепката одлучува многу работи. Сега може само да коментираме за групите. Од фаворитите изгледа само на Милан и на Ливерпул нема да им биде лесно да се пласираат во осминафинале. Јувентус и Интер лошо почнаа, ама не верувам дека ќе имаат големи проблеми. | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Нед Окт 04, 2009 11:05 pm | |
| - Sawyer^^ напиша:
- Така е, рано е да се прогнозира кој ќе игра во полуфинале или финале. Сепак, некогаш и ждрепката одлучува многу работи. Сега може само да коментираме за групите. Од фаворитите изгледа само на Милан и на Ливерпул нема да им биде лесно да се пласираат во осминафинале. Јувентус и Интер лошо почнаа, ама не верувам дека ќе имаат големи проблеми.
Јас искрено се надевам дека Милан ќе испаднат пред осмина-финале. It's payback time!!! | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Вто Окт 20, 2009 5:46 pm | |
| Преглед на првата половина од второто коло: - Цитат :
- Е Дебрецен - Фиорентина
Е Ливерпул - Лион Во групата "Е", каде што се игра дербито на оваа половина од колото, може да дојде до дозакопување на ротираниот Рафа. По поразот во Сандерленд, доколку Ливерпул вечерва не успее да дојде до победа (со оглед на тоа што шансите во недела им се слаби) не би било чудно доколку Рафа биде изротиран (знам дека веќе пишав, ама смешно ми беше)... Во Унгарија Дебрецин ќе ги пречека италијанците кои покрај поразот од Лион се цо прилично добра форма... За обложувачи*: Фиорентина 2, Лион 2. - Цитат :
- F Барселона - Рубин Казан
F Интер - Динамо Киев Во групата "F" навидум нема некој понеизвесен натпревар. Барселона ги пречекува Рубин Казан, и најверојатно нема воопшто сомнже кој ќе биде победникот. Во Милано гостува Динамо Киев, и иако најверојатно нема да има изненадување, сепак со изведбата на Интер во претходното коло на гостувањето кај Рубин Казан, можеби има простор и за изненадување... За обложувачи*: Барселона 2, Интер 1. - Цитат :
- G Рејнџерс - Униреа
G Штутгарт - Севиља Во групата "G" Шкотите ги пречекуваат Униреа, гостувањето на Иброкс е едно од најтешките, па не очекувам Униреа да има лесен натпревар. Во Германија се игра дербито на групата Севиља му гостува на Штутгарт, Севиља имаше одличен старт, но дали ќе успеат да ги продолжат добрите резултати За обложувачи*: Рејнџерс 1, Севиља 2. - Цитат :
- H АЗ Алкмар - Арсенал
H Олимпијакос - Стандард Во групата "H" лидерот гостува во Холандија, на натпревар кој сигурно нема да биде лесен, но се малку среќа, нема да дојде до изненадување... Стандард, во обид да го задржи трендот кој го започна Арсенал гостува во Атина... Се надевам само дека нема да изиграат како АЗ Алкмар. За обложувачи*: Арсенал 2, Стандард Х. ------------------------------- * Делот „За обложувачи“, е едноставно мој совет, не значи дека ако ги уплатите моите предлози и загубите некој денар дека јас сум одговорен... Нормално ако фатите некој денар очекувам 10%... (шега) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Сре Окт 21, 2009 12:18 am | |
| Каква ноќ, само една победа на домаќините, тоа ретко се случува... И после како би можел некој да добие на спортска... | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Сре Окт 21, 2009 12:45 am | |
| ИзвештајЗавршија пола од натпреварите третото коло... Резултати: - Цитат :
- E Дебрецен - Фиорентина 3:4 (Цвитковиз 2’; Рудолф 28’; Кулибали 88’ - Муту 6’, 20’; Џилардињо 10’; Сантана 37’)
Ливерпул - Лион 1:2 (Бенајун 41’ - Гоналонс 72’; Делгадо 90’) Во групата "E", ништо неочекувано, Фиорентина тргна силно, поведе со 4-2 во првото полувреме, и иако Дебрецин успеа да намали на неколку минути пред крајот, сепак трите поени останаа на сигурно. Во Ливерпул, Лион си ги обезбеди трите поени со кои се пласираа во следната група. Ливерпул втор пат во 4 дена губи со еден разлика, доколку играат вака во недела и вторник, може слободно да му се каже "Adios" на Бенитез. Во оваа група сум ги погодил двете... - Цитат :
- F Барселона - Рубин Казан 1:2 (Ибрахимович 48’ - Рјазанцев 2’; Карадениз 73’)
F Интер - Динамо 2:2 (Станкович 35’; Самуел 47’ - Микхалик 5’; Лусио 40’аг) Во групата "F" слободно може да се рече дека имаше две изненадувања. Барселона на домашен терен беше поразен од рускиот Рубин Казан... Во Милано пак, Интер некако успеа да извади поен и да не пропадне на последното место, во група во која првите три тимови имаат 4 а Интер 3 поени... - Цитат :
- G Рејнџерс - Униреа 1:4 (Гомез 2’ - Биласко 32’; Лаферти 49’; МекКалок 59’; Брендон 65’)
G Штутгарт - Севиља 1:3 (Елсон 73’ - Скуилачи 23’, 72’; Навас 55’; ) Во групата "G" едно од најголемите изненадувања за мене... Рејнџерс на Иброкс загуби од Униреа на натпревар на кој имаше 3 авто-голови (еден за Рејнџерс и два за Униреа). Во Штутгарт, без изненадување, Севиља си обезбеди пласман во следната рунда... - Цитат :
- H АЗ Алкмар - Ареснал 1:1 (Мендез 92’ - Фабрегас 36’)
H Олимпијакос - Стандард 2:1 (Митроглу 43’; Столитидис 90’ - Де Камарго 38’) Во групата "H" Арсенал добро почна, но не успеа да издржи до крај на натпреварот на кој домаќинот се бранеше уште од првата минута... Пред крајот, во судиското продолжение една лоша реакција на одбраната и АЗ Алкмар му одзеде на Арсенал два поени, што значи дека во оваа група сè уште не е решено кој ќе биде прв а кој втор. Во Атина, Олимпијакос го порази и Стандард, па сега има само еден поен помалку од Арсенал, а четири (пет) повеќе од АЗ (стандард). Преглед за следните осум натпревари, најверојатно доцна вечерва. | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Сре Окт 21, 2009 2:29 am | |
| Накратко да искоментирам за вечерва: Група Е - Баш ми е мило што Лион победи, зашто Ливерпул ич го нејќам како екипа. Сепак, ме изненадија, зашто не верував дека Ливерпул се толкави „утки“ за пак да се посрамотат.... Фиорентина очекувано си тепаше.... Група Ф - Не ми се веруваше дека Барса изгуби, ама и тоа бидна... Ама од прегледот гледам дека немаа среќа. Рубин од три шута даде два гола, а Барса се растури од шанси, погоди и статива. Ама резултатот е 1:2 и тоа е тоа. На Русите им симнувам капа за првиот гол, го дадоа од скоро 40 метри. За Интер не сум толку изненаден, Динамо игра одлично до сега. Ама ако Интер не се разбуди конечно во Украина, црно им се пишува... Група Г - Севиља очигледно е класа подобра од сите други во групата. Ептен лесно го прегазија Штутгарт. За Ренџерс очекував тие да слават со три-четири гола разлика, а испадна обратно... Не знам што им е оваа сезона, како проколнат да им е стадионот. Ќе биде интересно тука кој ќе биде втор, сепак.... Група Ф - Грчиштата имаа огромна среќа против Стандард, Белгијците имаа еден куп шанси, заслужија барем бод. Ај белки во Лиеж ќе им вратат. АЗ Алкмар во претходното коло примија гол во последните секунди, сега дадоа. Барем колку да не кукаат... Инаку Арсенал мислам секако ќе заврши прв тука, како Лион и Севиља во нивните групи. | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 22, 2009 12:23 am | |
| ИзвештајПреглед на резултатите од втората половина од третото коло: - Цитат :
- А Бордо - Баерн 2:1 (Циани 29’; Планус 40’ - Циани 6’аг)
А Јувентус - Макаби 1:0 (Киелини 47’) Во групата "A" Баерн на гостувањето во Франција започна добро откако Циани го погоди сопствениот гол, но откако Милер во 30’ доби втор жолт, Бордо ја презеде иницијативата и со пресврт ги собра поените... На другиот натпревар Јувентус со минимален резултат додаде три поени на своја сметка, со што (како што предвидов) никој не е сигурен патник во следната рунда... - Цитат :
- В ЦСКА - Манчестер 0:1 (Валенсиа 86’)
В Волфсбург - Бешикташ 0:0 Во групата "В" ЦСКА издржа 85 минути, но потоа потклекна пред Манчестер, со што Манчестер е сигурен патник во следната рунда, што би требало да му ја олесни ситуацијата на Фергусон во Премиер. Во Германија се играше без голови, што значи дека Волфсбург ја пропушти шансата да се одлепи од ЦСКА во борбата за второто место. - Цитат :
- С Реал Мадрид - Милан 2:3 (Раул 19’; Дренте 76’ - Пирло 62’; Пато 66’, 88’)
С Цирих - Марсеј 0:1 (Хајнце 69’) Во групата "С" се играше дербито на колото, и победата заслужено отиде кај гостинот. Но и покрај тоа во групата нема голема неизвестност, сè освен три катастрофални натпревари на Милан и Реал Мадрид би биле доволни за двете екипи да продолжат во следната рунда. Милан сепак покажува дека не е баш најдобриот тим во моментов (особено ако им брани Дида). Другиот натпревар... Марсеј од гостувањето во Швајцарија се врати со три поени кои сигурно ќе бидат важни. - Цитат :
- D Челзи - Атлетико Мадрид 4:0 (Калу 41’, 52’; Лампард 69’; Переа 90’аг)
D Порто - АПОЕЛ 2:1 (Хулк 33’, 48’п - Переира 21’аг) Во групата "D" Челзи го уништи Атлетико... И покрај високите очекувања на некои навивачи Атлетико се многу слаби, трите гола кои ги постигнаа Челзи го закопаа тимот од Мадрид на последното место... Но Порто се погрижи АПОЕЛ да не се одлепи, и со пресвртот му даде шанса на Атлетико да остане во игра... Состојбата во групите: 'А' - Цитат :
- Бордо (7)
Јувентус (5) Баерн (4) Макаби (0) 'B' - Цитат :
- Манчестер (9)
Волфсбург (4) ЦСКА (3) Бешикташ (1) 'C' - Цитат :
- Милан (6)
Реал Мадрид (6) Марсеј (3) Цирих (3) 'D' - Цитат :
- Челзи (9)
Порто (6) АПОЕЛ (1) Атлетико (1) 'E' - Цитат :
- Лион (9)
Фиорентина (6) Ливерпул (3) Дебрецин (0) 'F' - Цитат :
- Барселона (4)
Динамо (4) Рубин (4) Интер (3) 'G' - Цитат :
- Севиља (9)
Униреа (4) Штутгарт (2) Рејнџерс (1) 'H' - Цитат :
- Арсенал (7)
Олимпијакос (6) АЗ Алкмар (2) Стандард (1) | |
| | | Losteech Admin
Број на мислења : 2048 Age : 31 Местолокација : Скопје Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 22, 2009 1:33 am | |
| Дали почнува кризата во Мадрид? Се надевам да! Жал ми е што изгубил Баерн, ама ете, со црвен картон тоа е тоа... И покрај тоа што го мразам Милан, вечерва бев неговиот најголем фан. Не се чудете, јас навивам за секој клуб кој игра против Реал. Инаку денеска старците од Милано на чело со младиот Пато покажаа кој е кој. | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 22, 2009 1:43 am | |
| Милан и мене ми ја разубави вечерта! На галактикосите им пожелувам уште многу вакви „галактични“ ноќи. А мислев дека Милан пак ќе доживее катастрофа, ама голот на Пирло ги врати во живот. Немаше инаку вечерва некое изненадување. Бордо игра одлично сезонава, ќе биде многу интересно во А група. Јувентус очекувано тепаше. Манчестер не го изгледав до крај, беше досаден меч, како да одеа на реми, ама ете, пак победија и си завршија работа. Волфсбург ме разочара, очекував лесно да слави. Вака ќе мора да се бори со ЦСКА за второ место. Марсеј очекував да победи. Во оваа група сепак Милан и Реал ќе одат во осминафинале. Стварно треба чудо да се случи па да не излезе така. Во група Д се е јасно. Челзи 99% е прв, Порто 99% е втор. Атлетико испадна мизерна екипа во ЛШ, како да кренаа раце веќе. Апоел си е аутсајдер, па немаше што да бара во Португалија. | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| | | | Мики Неизлечливо изгубен
Број на мислења : 1282 Age : 30 Местолокација : Велес Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :) Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница. Registration date : 2009-01-21
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Чет Окт 22, 2009 9:49 pm | |
| Баш сум среќен што манчестер тепаа, незнам но од кога роналдо си отиде клубов игра се подобро...а се разбира среќен сум и за поразот на реал, само така нека продолжат и се надевам дека ќе има плус едно место за цирих или марсеј | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Вто Ное 03, 2009 7:54 pm | |
| Преглед на првата половина од четвртото коло: Стигнавме до оној дел од натпреварувањето каде што одредени тимови можат да започнат да тактизираат... Така што: - Цитат :
- А Баерн - Бордо
А Макаби - Јувентус Во групата "А", доколку Бордо успее да се избори за три поени на гостувањето во Минхен ќе може да се опушти до крајот на фазата по групи... Од другата страна на Баерн му се потребни поените за да може да остане во игра... Јувентус навидум имаат лесно гостување во Израел, но потребни им се поените па не можат да си дозволат кикс... За обложувачи*: Баерн 1, Јувентус 2. - Цитат :
- В Манчестер - ЦСКА
В Бешикташ - Волфсбург Во групата "В" Манчестер си обезбеди место уште во минатото коло, а доколку вечерва успее да земе барем еден поен, ќе можат да одмараат на последните два натпревари. Иако играат против тим кој ќе се обиде да дојде до три поени за да опстои во лигата, сепак можно е Фергусон да одмори некој од играчите... Бешикташ речиси и да нема шанси за продолжување во елиминационата фаза, но затоа гостинот има мотив за игра, што значи дека не би требало да има досаден натпревар... За обложувачи*: Манчестер 1, Волфсбург 2 - Цитат :
- С Милан - Реал Мадрид
С Марсеј - Цирих Во групата "С" табелата е густо наредена, па така дури и Цирих може да се надева, Милан и Реал во вториот директен дуел ќе решаваат кој ќе го добие посакуваното место, ама ако вечерва играат Х, гарантирам дека е наместено... Марсеј може да ја искористи оваа шанса да го стигне Реал, за потоа во директниот дуел (под услов да не се мешаат пак судиите) да го земе второто место. Но баш поради „густината“ на табелата не смеат да се опуштаат против Цирих... За обложувачи*: Милан 1, Марсеј 1. - Цитат :
- D АПОЕЛ - Порто
D Атлетико Мадрид - Челзи Во групата "D" навидум сè е решено, но противник кој нема што да загуби е секогаш проблематичен... Атлетико и АПОЕЛ немаат со што да тактизираат, единствено што им преостанува доколку сакаат барем и теортска шанса да продолжат понатаму е да се борат со сите сили... Еве да се надеваме дека Атлетико ќе ја покаже играта поради која некои очекуваа дека ќе завршат на второ... За обложувачи*: Порто 2, Атлетико 1. ------------------------------- * Делот „За обложувачи“, е едноставно мој совет, не значи дека ако ги уплатите моите предлози и загубите некој денар дека јас сум одговорен... Нормално ако фатите некој денар очекувам 10%... (шега) | |
| | | Sawyer^^ Мега фанатик
Број на мислења : 814 Age : 36 Местолокација : Кочани Registration date : 2009-02-17
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Сре Ное 04, 2009 2:45 am | |
| Горе-доле имаше очекувани резултати вечерва, не беше како во минатото коло, единствено Бордо ме изненади, очекував Баерн да си ја сфати поозбилно работата, ама бидна.... толку од Баварците оваа година. Милан и Реал сите се сомневаа дека ќе заврши нерешено, и така испадна. Второ полувреме беше тапа, скоро и да немаше шутеви на голот. Заклучок: Дарвел е во право, изгледа Bwin замешаа прсти. За другите мечеви се си беше очекувано. Јувентус, Волфсбург, Марсеј и Порто очекувано тепаа. За Челзи и Манчестер не е чудно што играа реми, толку им требаше за пласман понатаму. Инаку, не ми се верува дека Манчестер пак се извади во 93 минута..... | |
| | | Darvel Модератор
Број на мислења : 560 Age : 37 Местолокација : Волково Хумор : Немам Registration date : 2009-01-19
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 Сре Ное 04, 2009 8:51 pm | |
| Се извинувам што ги немаше резултатите од вчерашните натпревари или преглед за вечерашните. I have failed you... | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: Лига на шампиони 2009/10 | |
| |
| | | | Лига на шампиони 2009/10 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|