Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?

Go down 
3 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 1:52 am

Станува сè пожешко и пожешко. Којзнае што ни спремиле сценаристите!!! Еве ги најновите апдејти од снимањето на "LA X".
Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? 051130_lost_vmed6p.widec
The ODI:
1) Денеска дел од екипата на Lost била доста зафатена снимајќи некои авионски сцени во главното Diamond филмско студио кое се наоѓа на Хаваите (Оаху).
2) Едвард Марс бил присутен на аеродромот во 2004 (со модринка на главата).
3) Била снимена сцена со помошни актери (статисти) кои и го попречувале патот на Кејт додека таа трчала од аеродромот за да фати такси. Како што се пробивала низ гужвата, некое момче и рекло „Еј, дамо, тука постои ред!“. Момчето било никој друг туку Нил Фрогурт!!!
4) Доминик Монањан (Чарли) бил забележан со Метју Фокс (Џек) и Даниел Дае Ким (Џин) на концертот на Modest Mouse во некој клуб во Оаху, на Хаваи во среда вечерта.

Најнови спојлери од DarkUFO:
- На аеродромот на терминалот на Oceanic Airlines, Кејт (Еванџелин Лили) имала лисици на себе и била под надзор на Маршалот (Фредрик Лен). Во меѓувреме, Џек се појавува, поминувајќи ја пасошката контрола, при што се упатува кон излезот... но тогаш се враќа назад.
- Кејт, сега одеднаш слободна, поминува покрај Харли (Хорхе Гарсија) и го поздравува, при што се упатува кон собата со багажот од авионот, а потоа излегува на улица. Таа нема да забележи дека има автомобил кој е убрзан додека ја преминува улицата откако ќе забележи такси, поради што некој човек ќе и се развика на сиот глас од гореспоменатата кола. По ова таа влегува во таксито. Според изворите за DarkUFO, разлутениот тип бил Фрогурт (Шон Волен)...пак.
- Откако Кејт ќе влезе во таксито, Маршалот излегува од зградата со повреда на главата. Тој трча до обезбедувањето покажувајќи им некаков лист хартија со слика од Кејт, и ги прашува дали ја виделе. Одненадеж тој ќе го забележи таксито и ќе се стрча кон истото.

Рајан од Хаваи:
„Во средата, мојот добар пријател Мишел ги виде камионите на екипата од "LOST" на Нимиц автопатот, близу рибарското пристаниште во Хаваи. Екипата очигледно се вратила на пристаништето со број 2 (кај поранешната трговска зона), што лани била претворена во аеродромски ентериер за премиерата на петтата сезона. Покрај тоа, потврдено е дека во остатокот од истава недела, се снимале сцени зад затворените врати во Хавајското филмско студио.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 2:57 am

Леле, само да нема ресетирање, ќе биде многу глупаво! А ова баш на тоа личи.... Mad
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 3:12 am

Sawyer^^ напиша:
Леле, само да нема ресетирање, ќе биде многу глупаво! А ова баш на тоа личи.... Mad
Хмм не, да беше ресетирање во сцените ќе учевствуваа и Лок, Сан, Џин итн итн...ама од ова што го добиваме досега како информација од нив ни трага ни глас.

И плус, Кејт се поздравува со Харли, Џек (очигледно) ја препознава Кејт...значи дури и да се случи некаков вид на ресетирање, тој нема да трае долго. Којзнае, можеби ова е пак воведната сцена од шестата сезона, онаа за која знаеме дека ќе биде збунувачка, која можеби на крајот ќе испадне од важен карактер. Нешто слично како лани со премиерата на петтата сезона и сцената со Ченг, која подоцна ја видовме од перспективата на Фарадеј во "The Variable". Wink

Имам добро чувство после овој спојлер дека работите ќе си течат како што треба. Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Icon_cheers
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 7:37 pm

можда ќе се случи ресетирање но сите ликови ќе се сеќаваат, или можда е ова фб... Smile
интересно, но еднаш кога те прашав што ќе се случи ако има ресетирање ти рече ќе продолжам да ја гледам но нема никогаш да биде како шо беше...Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 8:46 pm

Мики напиша:
можда ќе се случи ресетирање но сите ликови ќе се сеќаваат, или можда е ова фб... Smile
интересно, но еднаш кога те прашав што ќе се случи ако има ресетирање ти рече ќе продолжам да ја гледам но нема никогаш да биде како шо беше...Smile
Мене единствено ми смета комплетно ресетирање, односно слетување на летот 815 во LAX со сите карактери.

Ова што е опишано погоре во постот не е ресетирање. Мора да е нешто друго - алтернативен универзум или слично. Ваквата теорија ја поддржувам колку-толку.

Како и да е, веќе имаше снимање на сцени со Флок, Бен, Ричард и Илана, така што ресетирањето е 100% отфрлено.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeНед Сеп 13, 2009 11:42 pm

Losteech напиша:
Мики напиша:
можда ќе се случи ресетирање но сите ликови ќе се сеќаваат, или можда е ова фб... Smile
интересно, но еднаш кога те прашав што ќе се случи ако има ресетирање ти рече ќе продолжам да ја гледам но нема никогаш да биде како шо беше...Smile
Мене единствено ми смета комплетно ресетирање, односно слетување на летот 815 во LAX со сите карактери.

Ова што е опишано погоре во постот не е ресетирање. Мора да е нешто друго - алтернативен универзум или слично. Ваквата теорија ја поддржувам колку-толку.

Како и да е, веќе имаше снимање на сцени со Флок, Бен, Ричард и Илана, така што ресетирањето е 100% отфрлено.

епа комплетно ресетирање сум 100% сигурен дека нема да доживееме, така да радувајте се Smile и јас се радувам Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitimeПон Сеп 14, 2009 2:21 am

Добро, за целосно ресетирање не верувам и јас. Ќе треба да чекаме да видиме што ќе испадне од овие сцени.

Инаку, алтернативните универзуми ќе ги поддржам само ако е добро сработено, ај да се надеваме дека Дарлтон нема да не изневерат..... Smile

А ако се случи ресетирање, ама сите преживеани да се сеќаваат на Островот, би прифатил донекаде, на пример може тоа и нема да биде толку лош завршеток на серијата, сепак има и полоши краеви... Smile
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? Empty
ПишувањеПредмет: Re: Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?   Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ? I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Новини од снимањето на премиерата - потврда за РЕСЕТИРАЊЕ?
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Апдејт од снимањето на премиерата
» Ќе го видиме летот Oceanic 815 во премиерата?!
» Три мали спојлери од снимањето на шестата сезона
» Иан Сомерхалдер за премиерата
» Пет дена до премиерата!

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Спојлери :: Нови спојлери-
Отиди до: