Петтата сезона на Изгубени пристига набрзо (на 21 јануари со почеток во 21 часот на
ABC). Како ја опишуваат извршните продуценти
Карлтон Кјус и
Демон Линделоф првата сцена од премиерата на Изгубени?
Насилна, вели Кјус.
Прекрасна, додава Линделоф.
Звучи
интригирачки, но сепак, тоа е тоа што ги прави Изгубени посебна серија.
„Во основа, ние не сакавме во петтата сезона да останеме на истиот
принцип да одиме од една тема во друга чекајќи ја последната, шестта
сезона на шоуто“ - вели Кјус за договорот кој тој и својот пријател го
постигнаа со телевизијата ABC кој вели дека серијата завршува во 2010
година. „Сакале или не, ние одлучивме оваа година да си ги испробаме
шансите со тоа што воведовме нов, храбар, начин на претставување на
настаните во серијата, кој ќе биде доста поразличен од досегашниот. Ние
сме спремни да ги прифатиме последиците од сето тоа.“
Сезоната започнува со обидот на
Џек и
Бен да го остварат планот за соединување на сите шест членови на
Oceanic 6 притоа враќајќи се назад на Островот, заедно со мртвото тело на
Лок, во мисија да ги спасат останатите преживеани од
летот 815. Но, ќе биде доста тешко да се разубедат сите за соработка. А по поместување на Островот од страна на Бен во
финалето на минатата сезона, тие ќе мора да дознаат каде -- и кога -- истиот отишол.
Очекувајте многу интересни настани да се случат, уште во раниот дел од сезоната. Но, "
Lost"
е серија во која се важни и патешествијата на ликовите, па токму затоа
сезоната во голема мера ќе се фокусира и на романтичниот четириаголник
кој го составуваат Џек,
Кејт,
Џулиет и
Соер.
Зборувајќи за зајадливиот фраер Соер, дали тој ќе го добие времето на малите екрани кое одамна го заслужува? „
Ние навистина мислиме дека оваа година - е годината на Соер,“ открива Линделов. „Тој дефинитивно добива голема улога!“ -
извор