На
следниов линк е достапен за симнување оригиналниот Пилот за серијата Изгубени (тогаш наречена „Никаде“) кој бил напишан од Џефри Либер.
Сметам дека не е потребно да го прочитате цел за да сфатите колку тогашната замисла за Lost била поразлична од онаа која ја добиле подоцна Џ.Џ. Абрамс и Демон Линделоф (Бог да ги благослови!!!
). Се што треба да направите е да прочитате 3-4 страни од овој пилот.
Не постои апсолутно никаква шанса да се спореди „шоуво“ на Џефри, во кое имаме САМО луѓе на остров кои се изгубени, со она кое го гледаме во последниве пет години и во кое исто така е присутен уште еден огромен елемент - Островот (запазете ја големата буква тука, а малата погоре) како
карактер! Всушност, на Абрамс тоа и му била замислата, да направи нешто впечатливо и несекојдневно.
Други нешта кои не ми се допаѓаат во оригиналниов пилот, се следниве:
- започнува како што и сите очекуваат - на авионот. Почетокот на Lost е далеку позбунувачки, а истовремено и поинтересен - започнува со непознат човек кој се буди во џунглата и исто како и нас се прашува што мајка бара таму!? Возбудливо, зар не...
- цитатот "Together we survive, apart we don't" изгледа смешно ако го споредиме со „Live together, die alone". =)
- не постои нешто поради кое би ја гледале следната епизода од "Nowhere", премиерата завршува смирено без некаков шок, а сите потајно очекуваме (и знаеме) дека луѓето ќе бидат кога-тогаш спасени. Потсетете се само на крајот на официјалниот пилот од Lost, и Чарлиевото "Where Are We?", колку за споредба...
- има и низа други работи кои недостасуваат во оригиналниот пилот на Либер, но ако почнам да ги именувам ќе нема крај постов.
Просто да се зачудиш како од вакво нешто, една година подоцна ја добивме серијата по која „лудувавме“ во последниве пет години!!!
Ете и анкета, иако знам дека не е потребна, но за секој случај ако на некој тука можеби повеќе му се допаднал оригиналниов Пилот, да не каже дека е дискриминиран... (тоа е во мода сега)
"Nowhere" vs. "Lost" - што преферирате повеќе???