Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Топ пет сцени во кои умираат ликови

Go down 
+2
IceMan
Losteech
6 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 6:10 am

Сите ние тука знаеме дека во секоја сезона од LOST имаше по неколку жртви, некои од нив не не потресоа премногу, но други не оставија со подзинати усти и без коментар... Ова е листа во која се вклучени најшокирачките, најдобро изведените и најхеројските смртни случаи во досегашната историја на Изгубени. Уживајте!

1) Бун умира (Do No Harm)

- Сигурен сум дека претходно во некој пост имав напишано дека ова е првата смрт од серија која ме натера да заплачам. Do No Harm е според мене најтажната епизода досега од Lost. Епизода која на крајот те буни тотално - те тера да се запрашаш дали да се радуваш за Клер, или да тагуваш по Бун!? Ете затоа, Мајкл Гјачино е закон. Без неговата музика сценава не би била толку посебна...

2) Смртта на Шенон (Abandoned)

- Искрено речено, Шенон ми беше најдосадниот лик од Изгубени во првите две сезони. Но, крајот на шестата епизода од втората сезона тотално ме полуде! Едноставно не ми се веруваше кога видов дека Ана Лусија, лидерот на групата на преживеани од задната секција на авионот, панично и не размислувајќи за последиците ја уби ТОКМУ неа. По финалево на петтава сезона се повеќе сметам дека во овој немил настан непријателот на Џејкоб има замешано прсти. Сигурно тој и се појавувал цело време на Шенон, а не Волт. Зошто? Па едноставно: неговата главна мисија е да создаде раздор...

3) Мајкл ја убива Ана-Лусија...а потоа и Либи (Two for the Road)

- Сцената поради која го замразив Мајкл. Дефинитивно една од најшокирачките досега. Инаку, ова се случи баш кога почнав да ја засакувам Ана-Лусија како лик, па замислете како ми беше кога го видов ова со свои очи...

4) Чарли се дави и најпосле умира (Through the Looking Glass)

- Она што за мене претставува смртта на Бун, за повеќето фанови претставува смртта на Чарли. Да, се согласувам, и ова беше доста мачна и тажна сцена за гледање, но ако забележувате направена е во ист стил како и онаа во која умира Бун. Вметната е истата симфонија (Life and Death) во позадина, а дека сцената е слична докажува и вметнатата сцена со Клер и бебето Арон веднаш по смрта на Чарли, која е ПРЕМНОГУ слична со онаа од Do No Harm (и во таа, и во оваа имаме неколку луѓе околу бебето, и плус и во двете сцени Клер го бакнува по лице своето синче). Во секој случај, одлично изработено!

5) Џејкоб е убиен од Бен (The Incident)

- Конечно дојдовме и до самиот крај на ова одбројување! И покрај тоа што погорнава сцена ќе предизвика реакции од Ваша страна, со оглед на тоа што сè уште не сме добиле конфирмација дека Џејкоб не е мртов, ја сместив на листава. Впрочем, смртта е релативен термин во Lost, па не би се изненадил неколку сцени од листава идната година да бидат невалидни...

За да нема забуни и поплаки, Ве известувам оти во постов беа планирани уште неколку сцени, како на пример сцените во кои умираат: Џулс, Даниел Фарадеј, Русо, Алекс и Еко, но истите не се поставени денеска бидејќи претходно биле постирани во друго издание на топ пет сцените, или пак се планирани да бидат поставени во иднина.

Благодарам за вниманието и поздрав!

Прашања за дискусија
1) Која сцена во која умира карактер ви е омилена? Дали истата е дел од оваа листа?
2) Дали сметате дека на листата и фали некоја сцена?
3) Предложете идна тема/лик за топ пет сцените...
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
IceMan
Преживеан
Преживеан
IceMan


Male
Број на мислења : 85
Age : 30
Местолокација : DHARMA
Работа/Хоби : Gledanje Lost :D
Registration date : 2009-05-25

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 7:36 am

Аман бе лости, како можеше да ја пропуштиш таа со Еко! Sad
Наместо оваа со ана и либи можеше да ја ставиш, иначе 100% се согласувам дека бун е на 1 место! Wink
Вратете се на почетокот Go down
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 1:14 pm

ти пишав на блог... Smile
фали еко и малку либи Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Мики
Неизлечливо изгубен
Неизлечливо изгубен
Мики


Male
Број на мислења : 1282
Age : 30
Местолокација : Велес
Работа/Хоби : Лост, Авиони, Измами... :)
Хумор : Денес единствено е исплатливо да се отворат аптека и обложувалница.
Registration date : 2009-01-21

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 1:15 pm

и не го гледам никаде Мајкл, умре херојски дефинитивно Smile
Вратете се на почетокот Go down
http://www.con.blog.com.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 5:28 pm

Првпат ќе мрчам за топ 5 сцени. Според мене, смртта на Еко 100 пати повеќе заслужува да се најде тука место Шенон. Исто и Фарадеј. За Џејкоб не знаеме дали е мртов. Другите се ОК. Џулс исто не знаеме дали е мртва. И да, Мики е во право, зошто сите го забораваат Мајкл?!? Неговата смрт беше и херојска, и плус доста мистериозно беше кога Кристијан Шепард се појави.
Вратете се на почетокот Go down
IceMan
Преживеан
Преживеан
IceMan


Male
Број на мислења : 85
Age : 30
Местолокација : DHARMA
Работа/Хоби : Gledanje Lost :D
Registration date : 2009-05-25

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 6:04 pm

eeee кај баш Ден го најде??? Ама шенон ана лулу и џејкоб нетреба, наместо нив...еко, мајкл иии незнам...можеби алекс!
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeСаб Aвг 22, 2009 10:52 pm

IceMan напиша:
иначе 100% се согласувам дека бун е на 1 место! Wink
Фала Богу некој да се согласи... Laughing

Во врска со негативниве критики, во ред, ги прифаќам, ќе се обидам истите во наредните изданија да ги снема... =))
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 3:37 am

истото што го пишав на блог важи и за овде. дури се мислам јас да не ги предизвикав овие негативни критики Sad јас прва се збунив дека Џејкоб и Јулс можеби не се мртви и за смртта на Еко, Ден и Шарлот. Мајкл го заборавив Wink

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 6:27 pm

За мене топ 5 би изгледал вака:

1. Чарли
2. Еко
3. Бун
4. Фарадеј
5. Ана Лусија (или Мајкл)
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 7:08 pm

Moјата би била ваква Very Happy

Eko
Даниел
Ана Лулу и Либи
Чарли
Фарадеј

Намасте
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
IceMan
Преживеан
Преживеан
IceMan


Male
Број на мислења : 85
Age : 30
Местолокација : DHARMA
Работа/Хоби : Gledanje Lost :D
Registration date : 2009-05-25

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeНед Aвг 23, 2009 10:39 pm

Натали кај ти е Бун??? Sad Shocked

Еве ги моите...
1. Бун
2. Чарли
3. Еко
4. Ден
5. Мајкл
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeПон Aвг 24, 2009 12:27 am

Дане смртта на Бун не ме изненади некако, за разлика од оние на Чарли(кој мислеше дека ќе се жртвува), Еко (по неферска смрт немало) Ден( го уби мајката НЕРОДЕНИОТ син) и да не редам. Не дека не беше тажна онаа со Бун но сепак топ 5 е Very Happy

Namaste
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
IceMan
Преживеан
Преживеан
IceMan


Male
Број на мислења : 85
Age : 30
Местолокација : DHARMA
Работа/Хоби : Gledanje Lost :D
Registration date : 2009-05-25

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeПон Aвг 24, 2009 7:27 am

Еко стварно беше ТОП, прво се исповедува, па го брка "брат му" па кажува молитва па чудовиштето го удира во форма на крст и на крај еко се сеќава ко мал со брат му кога бил. закон, иначе и на Чарли се очекуваше од коа Дез му рече you gonna die charlie!
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeПон Aвг 24, 2009 1:57 pm

Да, ама кај Чарли беше непредвидливо поради што тој цело време бараше начин да се спаси, така да можеше и вака да најде начин да се спаси, ама тој сам се уби Smile

Namaste
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Shadow
Преживеан
Преживеан
Shadow


Female
Број на мислења : 106
Age : 33
Местолокација : na havai
Registration date : 2009-02-04

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 2:57 am

Мои топ 5

1. Чарли
2. Бун
3. Фарадеј
4. Еко
5. Ана Лусија и Либи

Имаше и други добри ете ко на Мајкл и на Шенон (иако не ја сакав) ама толку многу луѓе умреа шо мислам дека топ 10 треба да напраиме Laughing
Вратете се на почетокот Go down
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitimeПет Aвг 28, 2009 3:42 am

Shadow напиша:
Имаше и други добри ете ко на Мајкл и на Шенон (иако не ја сакав) ама толку многу луѓе умреа шо мислам дека топ 10 треба да напраиме Laughing
Да, и јас мислам дека така ќе беше најдобро... Smile
Ама што е тоа е. Sad
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sponsored content





Топ пет сцени во кои умираат ликови Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени во кои умираат ликови   Топ пет сцени во кои умираат ликови I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ пет сцени во кои умираат ликови
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Постер со нацртаните ликови од Изгубени
» Топ пет сцени со Чудовиштето
» Топ пет сцени од финалиња
» Топ пет сцени со Џон Лок
» Топ пет сцени со Бен

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Разговори поврзани со ликовите-
Отиди до: