Македонски форум за хит-серијата Изгубени
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Македонски форум за хит-серијата Изгубени

A Macedonian forum for the best Action/Drama/Sci-Fi show on the planet Earth - LOST!
 
HomePortal*Latest imagesРегистрирајте сеВлез

 

 Топ пет сцени со Чудовиштето

Go down 
4 posters
АвторПорака
Losteech
Admin
Losteech


Male
Број на мислења : 2048
Age : 31
Местолокација : Скопје
Registration date : 2009-01-10

Топ пет сцени со Чудовиштето Empty
ПишувањеПредмет: Топ пет сцени со Чудовиштето   Топ пет сцени со Чудовиштето I_icon_minitimeЧет Aвг 27, 2009 7:46 pm

Чудовиштето е дел од митологијата на Изгубени уште од првата епизода, а и покрај тоа што досега не го гледавме доволно за да заклучиме што по ѓаволите истото претставува, сепак добивме доста „епски“ сцени со него кои станаа инстантни класики. Еве го мојот избор...

1) Чудовиштето го „јаде“ пилотот Сет Норис (Pilot, part 1)

- Да, можеби сценава трае цели осум минути, но дефинитивно е вредна за гледање. Без сомнение ова се најстрашните осум минути во првата сезона. А можеби и во сите овие пет сезони...

2) Лок е нападнат од Чудовиштето (Exodus, part 2)

- Искрено, се мислев дали да ја постирам оваа сцена, или пак онаа во која Лок се ѕвери во „Кербер“...но сепак мислам дека изборот ми е правилен бидејќи во сценава за првпат го гледаме Чудовиштето и покрај тоа што ова е всушност четвртото негово појавување од првата сезона. (најпрвин се појави во Пилотот, во онаа прва сцена од постов, па во Walkabout пред Лок, а потоа и во Hearts and Minds, но ниту еднаш во текот на овие три епизоди не ни беше претставен неговиот изглед, туку само гледавме како одредени ликови бегаат од него). Покрај овој факт, сценава е одлична и сама по себе, и не натера да се запрашаме што се случило во првиот контакт помеѓу Џон и Смоуки. Очигледно е дека Лок не се плашеше од Чудовиштето повеќе...

3) Еко е убиен од Смоуки (The Cost of Living)

- Се надевам дека сега се задоволни сите фанови на Еко, откако оваа сцена не ја постирав НАМЕРНО минатата недела, за да имам можност да ја поставам денеска. Од таа причина (бидејќи имаше доста поплаки) одлучив дека ако одредени сцени се предобри за да не се повторуваат на повеќе постови - ЌЕ се повторуваат. Но, ако прочитам коментар од типот на „нели сценава беше во претходното издание постирана“, истиот читател кој го поставил ова прашање ќе биде редиректиран до овој пост за да ја види причината поради кое такво нешто се случило.

Инаку, одлична сцена! Всушност, прва во која Чудовиштето завзема нечие тело (Јеми)...

4) Бен го повикува Чудовиштето (The Shape of Things to Come)

- Секоја нова сцена со Чудовиштето, како што и ни беше ветено од страна на Дарлтон, ни носеше и новина. Првата на листава не предупреди за опасноста која демне на секој чекор во џунглата, втората ни даде до знаење дека Чудовиштето не покажува слабост кон никој, третата ни откри дека Смоуки може да завзема човечки тела, а со оваа сцена, веројатно (повторувам: ВЕРОЈАТНО!) ни беше предочено оти Бен ја злоупотребува својата позиција како лидер, што на крајот ќе го направи роб на желбите на Чудовиштето, кое верувам дека со онаа сцена во Dead is Dead (види ја подолу) му покажа на Линус кој е кој.

5) Чудовиштето го помилува Бен (Dead is Dead)

- Момент поради кој се’ уште ме лазат морници! Иако, се прашувам кое беше откритието кое ни го даде сценава? Дали можеби местото од кое „извира“ Чудовиштето, или...? Кое е вашето мислење??

За дискусија:
- која од овие пет сцени Ви е омилена?
- дали сметате дека фали некоја сцена на листава, и ако да, која?
- предложете тема за следното издание на топ пет сцените!
Вратете се на почетокот Go down
http://lostseries.blog.mk
Sawyer^^
Мега фанатик
Мега фанатик
Sawyer^^


Male
Број на мислења : 814
Age : 36
Местолокација : Кочани
Registration date : 2009-02-17

Топ пет сцени со Чудовиштето Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Чудовиштето   Топ пет сцени со Чудовиштето I_icon_minitimeЧет Aвг 27, 2009 8:59 pm

Најс, најс.... Laughing Баш убаво што ти текна да направиш ваква листа за Смоуки. Smile

- која од овие пет сцени Ви е омилена?
Па, не можам да се одлучам, сите се незаборавни сцени. Smile

- дали сметате дека фали некоја сцена на листава, и ако да, која?
Пааа... таман си е листата. Сега ми текнува само на сцената со Французите (кога Монтанд ја загуби раката), ама сепак таа сцена е далеку послаба од овие 5.

- предложете тема за следното издание на топ пет сцените!
Па може да биде за некој за кој до сега немало: Џек, Кејт, Харли....
Вратете се на почетокот Go down
RocknRolla
Фанатик
Фанатик
RocknRolla


Male
Број на мислења : 383
Age : 33
Местолокација : Skopje
Registration date : 2009-07-25

Топ пет сцени со Чудовиштето Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Чудовиштето   Топ пет сцени со Чудовиштето I_icon_minitimeЧет Aвг 27, 2009 9:48 pm

скоро сите сцени со смоуки се wtf, така да сите се супер Very Happy
Вратете се на почетокот Go down
LostyFox
Супер модератор
Супер модератор
LostyFox


Female
Број на мислења : 2272
Age : 33
Местолокација : On the misterious island
Работа/Хоби : Серии, филмови, по некоја книга, по цел ден на PC...тоа не е се, но.....
Хумор : Многу има за кажување :D
Registration date : 2009-01-24

Топ пет сцени со Чудовиштето Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Чудовиштето   Топ пет сцени со Чудовиштето I_icon_minitimeСаб Aвг 29, 2009 1:09 am

сите се добри (ама со еко ми е најдобра)

можело и сцената кога ги брка кејт и џулс , кога се шлакнаа тие две во калта Razz Very Happy

Namaste
Вратете се на почетокот Go down
http://lostyfox.blog.com.mk/
Sponsored content





Топ пет сцени со Чудовиштето Empty
ПишувањеПредмет: Re: Топ пет сцени со Чудовиштето   Топ пет сцени со Чудовиштето I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Топ пет сцени со Чудовиштето
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Топ пет сцени со Џон Лок
» Топ пет сцени со Бен
» Топ пет сцени од финалиња
» Топ пет сцени во кои умираат ликови
» Топ пет сцени со Саид Џара

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
Македонски форум за хит-серијата Изгубени :: Ликови :: Разговори поврзани со ликовите-
Отиди до: